„Црни браќа“ (словенечки: Črni bratje) е роман на словенечкиот писател Франце Бевк од 1952 година.
Изданија на македонски јазик Книгата била првпат објавена на македонски јазик во 1966 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“, како дел од библиотеката „Златна клупа“. Во 1970 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Македонска книга - Скопје, во рамките на библиотеката „Златна клупа“. Преводот од словенечки јазик е дело на Славчо Темков.Франце Бевк, Црни браќа, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 4.Збирката е печатена во мек повез и има 140 страници. Техничкото уредување е дело на Коста Бојаџиевски, додека нацртот на корицата го направил Томо Шијаковиќ. Автор на илустрациите е Јован Петров, коректурата ја направила Вера Арсовска. Книгата била испечатена во печатницата „Нова Македонија“, во тираж од 10 000 примероци.Франце Бевк, Црни браќа, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 140.
За делото Во поговорот напишан на 26 март 1952 година, авторот укажува дека настаните опишани во романот се вистинити при што и тој бил учесник во нив во текот на Втората светска војна. Исто така, тој познавал некои од членовите на групата која ја нарекувале „Црни браќа“: еден го запознал в затвор, друг во интернација, а трет како партизан. Понатаму, тој нагласува дека, иако книгата обработува вистинити настани, тие не се опишани сосема исто како што се случиле, туку во слободно толкување, а неговата цел била да го зачува споменот на „Црните браќа“.„Поговор“, во: Франце Бевк, Црни браќа, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 136-138.
Наводи
Категорија:Дела на Франце Бевк Категорија:Словенечки романи Категорија:Книги на словенечки јазик Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Изданија на Кочо Рацин Категорија:Книги од 1952 година