десно|мини|323x323пкс|Инчуните се вообичаени риби-мамки во океанот. десно|мини|300x300пкс|Златните рипки за хранење се вообичаени риби-мамки. Под поимот „риби мамки“ се подразбираат мали риби кои ги ловат рибарите и ги користат како мамка за привлекување и ловење на поголеми риби. Рибите мамки се обично оние риби кои ги има во изобилство и брзо се размножуваат.
Преглед Во морски риби-мамки спаѓаат: сардела, гуџонот, Hemiramphidae, како и Hemiramphus brasiliensis и сафрида. Исто така и дел од поголемите риби (летачка риба или риба-дама) спаѓаат во групата на риби-мамки.
Како дел од слатководните риби што можат да се искористат како мамка се ситните рипки од семејството крап, семејството Catostomidae, Fundulidae, семејството Cyprinodontoidei, Scorpaeniformes, семејството Centrarchidae.
Рибите-мамки се споредуваат со храна за риби. Терминот риби-мамки е дел од рибарството кој се користи во овој контекс и најмногу е употребуван од рекреативните риболовци. Воедно, тие се и плен во дивината од поголеми предатори за храна. Во улога на предаторите најчесто спаѓаат други поголеми риби, морски птици и морски цицачи. Како што веќе споменавме луѓето ги фаќаат овие риби со цел да го употребат како плен при ловењето на други риби.
Со помош на својот мирис или со помош на светлина, која всушност функционира со привлекување на зоопланктон, рибите-мамки се во улога на плен за другите поголеми риби.
Пливањето во океанска вода каде што се присутни рибите-мамки може да биде опасно, од таа причина што овие риби привлекуваат ајкули. Рибите-мамки понекогаш ги користат Китовите-ајкули понекогаш им се од корист на рибите-мамки, бидејќи се користат како штит од предаторите. Еден од попознатите предатори е туната, која прилично е претпазлива во присуство на ајкули. Ајкулите не можат лесно да ги нападнат рибите-мамки, бидејќи тие постојано пливаат над нив со преголема брзина. Сепак, ајкулите на крајот нуркаат длабоко, каде што рибите-мамки не можат да пристапат и кога другите предатори конечно се осмелуваат да ги нападнат насуканите риби-мамки, ајкулата се враќа да изеде бројни риби-мамки кои веќе се преокупирани со напаѓачката туна.
Индустрија Во Северна Америка постои индустрија за риби-мамки, која снабдува главно рекреативни риболовци, во вредност до една милијарда долари годишно. Само за јужните Соединети Американски Држави, Мителмарк и др. известуваат дека ова изнесувало 56 милиони долари во 1987 година.
Управување и зачувување Популациите на овие риби можат брзо да варираат и честопати брзо да се опорават откако ќе се исцрпат. Пожелно би било да постојат регулативи со цел да се спречи прекумерна експлоатација. Истите овие популации на овие риби-мамки се под надзор на студиите од агенциите за рибарство и заштита на природата.
Поврзано
Риболов Категорија:Ихтиологија Категорија:Риболовна опрема