десно|мини|Крупен план на кожа од риба Лигавата обвивка ― обвивката од слуз што го покрива телото на сите риби. Важен дел од анатомијата на рибите, таа служи за многу работи, во зависност од видот, почнувајќи од движење, грижење и хранење на рибите, до отпорност на болести и паразити.

Муцинот што ја сочинува лигавата обвивка се лачи од клетките во епидермот на рибите. Лигавиот дел има различни антимикробни пептиди и други антимикробни компоненти како што се лизозим и Ц-реактивен протеин. Содржи микоспорински аминокиселини за заштита од ултравиолетово зрачење.

Лигавата обвивка кај некои риби помага во поефикасно пливање при намалување на отпорот, а може и да го намали триењето што го доживуваат рибите до 65%. Општо земено, колку е побрза рибата, толку е поголемо намалувањето на отпорот што го обезбедува слузта, но има неколку исклучоци.

Како одбранбена адаптација Лигавата обвивка на гребенските риби содржи микоспорински аминокиселини (MAAs) кои ги заштитуваат рибите од повредување од сонцето со апсорбирање на зрачење. Најголемиот број на MAAs се најдени на дорзалната страна на рибата, која е изложена на повеќе зрачење. Животните не можат да синтетизираат MAAs, па затоа рибите мора да ги заштитат од нивната храна.

Под вода, рибите се изложени на поголем број микроорганизми отколку животните чија кожа е изложена главно на воздух.

Важност за човекот Во производството и одгледувањето риби, лигавата обвивка е важна за здравјето на рибите, особено за време на транспортот, што може да предизвика повредување на рибната обвивка. Високите нивоа на амонијак во водата, исто така, можат да предизвикаат оштетување на слузната обвивка.

Антимикробните делови од рибниот лигав дел биле проучувани во врска со отпорноста на антибиотиците.

Дополнителна литература

Категорија:Акваристика Категорија:Покривен систем