Методиј бил бугарски православен духовник, охридски митрополит на Бугарската егзархија.

Биографија Методиј бил роден во с. Зарово, Лагадинско (Солунско), во 1866 година. За охридски митрополит бил поставен во 1897 година, а со епархијата управувал 12 години. Се погрижил за градба на повеќе од 60 училишта во селата во Охридско, Преспанско, Ресенско и Демирхисарско.

Бил во конфликт со ВМРО, па војводата Ѓурчин Петров од Слатино наредил да му се конфискуваат сите скапоцености, архијерејската митра и облеката. Сепак, народот го чувствувал овој митрополит за свој, а луѓето му се обраќале нему за разрешување на меѓусебните конфликти.

Умира ненадејно во Солун, во 1909 година, на 43 годишна возраст. Антон Попстоилов пишува дека бил отруен од Грците.

Белешки

Наводи

Категорија:Бугарска егзархија Категорија:Починати во Солун