Обврски по училиште (, ) — јужнокорејска телевизиска серија од 2023 г. во жанрот воен научнофантастичен дистописки младешки трилер. Создадена е од Ли Нам Гју, напишана од Јун Су и режирана од Сунг Јонг Ил.

Главните улоги ги толкуваат бројни истакнати глумци, меѓу кои: Шин Хјун Су, Ли Сун Вон, Им Се Ми, Квон Ун Бин, Ким Ки Хе, Ким Мин Чул, Ким Со Хи, Ким Су Гјом, Ким Џунг Ан, Мун Санг Мин, Шин Мјунг Сунг, Шин Су Хјун, Шин Хје Џи, Ан Да Ун, Ан До Гју, Јо Џу Ха, О Се Ун, Ву Мин Гју, Јун Џонг Бин, Ли Јон, Џи Мин Хјук, Чои Мун Хи, Хонг Са Бин и Хванг Се Ин.

Серијата е заснована на истоимениот вебтун од Ха Ил Квон, кој подоцна бил објавен на Naver Webtoon. Ја следи приказната на учениците што се повикани како кадети за да се борат против загадочните виолетови вонземјански објекти што се појавуваат на небото над Земјата и го загрозуваат човештвото.

Била објавена од 31 март до 21 април 2023 г., на TVING, секој петок во 16:00 часот (KST). Серијата е достапна и за пренос на Viu и Viki во одредени области.

Серијата била поделена на два дела: Дел 1 бил објавен на 31 март 2023 г., додека Дел 2 на 21 април 2023 г.

Содржина Обврски по училиште ја раскажува приказната за матурантите во средното Сунгџин, кои се впрегнати да се борат против нападот на група загадочни суштества што го прекриле небото.

Епизоди

Наводи

Надворешни врски

Матична страница

Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__