мини|Неупотребено луле од морска пена. Музеј на морска пена во Ескишехир () ― музеј на занаетчиски производи во населбата Одунпазари во Ескишехир, Турција, каде што се изложени голем број разни рачно изработени предмети од сепиолит.

Сепиолит или морска глина е мек, бел, глинест минерал, кој главно е употребуван за изработување на лулиња за тутун наречени лулиња од морска пена. Кога се вади, минералот е мек, кремаст, непроѕирен и сив. Но, сепак при изложеност на сончева топлина или при сушење на топло место се стврднува. Откако ќе се издлаби во мека состојба, оваа карактеристика му овозможува да даде траен облик. Во регионот Ескишехир, може да се најдат наслаги од морска глина. Генерално регионот е на прво место во светот по сепиолит кој може да се најде на длабочини до 150 метри.

Предметите изложени во музејот биле собрани од страна на Губернијата на Ескишехир за време на Меѓународниот фестивал на морска пена, Натпреварите за ракотворби „Морска пена“ и изложбите што се одржуваат во Ескишехир од 1998 година. Околу 400 рачно изработени предмети од 60 занаетчии биле оставени на општина Одунпазари. Музејот бил основан од страна на општината Одунпазари во рамки на комплексот Куршунлу во Одунпазари како единствен во светот од ваков вид во 2008 година.

Наводи

Категорија:Статии со извори на турски (tr) Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Музеи во Турција Категорија:Турски ракотворби