300px|мини|Вид глинена грнчарија позната по своето темно сјајно тело со гравирани сребрени шари Црната грнчарија од Низамабад во Утар Прадеш, Индија, претставува уникатен вид на глинена грнчарија, која е позната по своето темно и сјајно тело изгравирано со сребрени шари. Била регистрирана е за географска ознака во декември 2015 година.
Грнчарство Изработката на грнчарските производи главно е од локално достапна фина глина. Глинените калапи се подготвуваат на различен начин и се печат во печка. Подоцна истите глинени производи се мијат со прашкаста растителна материја и се премачкуваат со сенфово масло. Украсени се со цветни и геометриски шарени жлебови, кои се прават со остри гранчиња. Се печат во затворени печки на чад од лушпи на ориз и со помош на оваа постапка добиваат сјајна црна површина. Тие повторно се премачкуваат со масло и се печат во печка. Жлебовите на глинените производи потоа се полнат со сребрен прав од цинк и жива, се мијат со вода и повторно се полираат. Се користат и оловни или калајни амалгами. Сребрениот прав дава сјајна нијанса на црната позадина на грнчарските производи.
Се изработувале различни предмети за домаќинството и декоративни предмети, како вазни, чинии, тенџериња, ламби, чајници, чинии, садови, држачи за стапчиња за темјан и статуи на хиндуистички религиозни личности. Сурахи е популарен сад за вода кој е карактеристичен по својот долг врат.
Историја Поради сличноста на црната грнчарија со северната црна полирана грнчарија, таа е проучувана од страна на историчарите. Сребрените шари се инспирирани од средновековниот Бидривер од Хајдерабад, кој ги украсувал садовите со сребрени жици. Мешавината од олово, жива и цинк во еднаков сооднос е застапена во резбаниот дизајн, техника која била воведена од Гуџарат за време на владеењето на Моголите со Ауранџеб. Околу 200 семејства биле вклучени во занаетот во Низамабад и поголем дел од нивните дела се извезуваат. Сепак, состојба им останува лоша. Црната глинена грнчарија била предложена за географска ознака во октомври 2013 година со поддршка на NABARD од Лакнау и Здружението за човекова благосостојба на Варанаси. Била регистрирана за географска ознака во декември 2015 година, по што се добило право производот да се именува само според одреден географски регион на потекло.
Литература
Наводи
Категорија:Индиски ракотворби Категорија:Грнчарство