мини|Марка на сапун Набулси од типот Ал-Џамал ( камила ) со и без хартиена амбалажа, 2014 година Наблукси сапун е тврд сапун на база на маслиново масло од палестинскиот град Наблус. Неговите главни состојки се девствено маслиново масло, вода и алкално соединение на натриум, како што е натриум хидроксид. Готовиот производ е во боја на слонова коска и речиси и да нема мирис. Традиционално направен од жени за домашна употреба, тој станал значајна индустрија за Наблус до 14 век. Во 1907 г. 30-те фабрики за сапун во градот снабдувале половина од целиот сапун во Палестина. Индустријата почнала да опаѓа до средината на 20 век поради уништувањето нанесено на Стариот град Наблус од земјотресот во Ерихон во 1927 г. а подоцна и поради Шестдневната војна и последователната израелска окупација на Западниот Брег. Од декември 2022 г. во градот Наблус работат најмалку пет фабрики за сапун.

Историја Наблускиот сапун традиционално го изработувале жените за домашна употреба, дури и пред појавата на малите фабрики за производство на сапун во Х век. Трговијата со бедуините била неопходна за производство на сапун, и во Наблус и Хеврон, бидејќи само тие можеле да обезбедат алкална сода потребна за процесот. До 14 век во Наблус се развила значајна индустрија за производство на сапун, а сапунот, за кој се вели дека го ценела кралицата Елизабета I од Англија, бил извезуван низ целиот Среден Исток и Европа.

Во 19 век се случила голема експанзија на производството на сапун во Наблус, кој станал центар на производство на сапун низ целата Плодна Полумесечина. До 1907 г. 30-те фабрики во градот произведувале речиси 5.000 тони сапун Набулси годишно, што е повеќе од половина од вкупното производство на сапун во Палестина. Џон Боуринг напишал за Наблускиот сапун во 1830-тите години дека бил „многу ценет во Левант“, а Мухамед Курд Али, сириски историчар, напишал во 1930-тите дека „сапунот од Наблус е најдобриот и најпознатиот сапун денес, бидејќи, се чини, има квалитет што не се наоѓа кај другите,а тајната е во тоа што е неразреден и добро произведен“. десно|мини|Сапун Набулси нареден за сушење, фотографиран помеѓу 1900 и 1920 година од член на Американската колонија во Ерусалим. Сапунската индустрија во Наблус почнала да опаѓа во средината на ХХвек, делумно предизвикана од природни катастрофи, особено земјотресот во Ерихон од 1927 г. кој уништил голем дел од Стариот град Наблус, а делумно и од израелската воена окупација. Израелските воени напади за време на Ал Акса интифада уништиле неколку фабрики за сапун во историскиот кварт на Наблус. Само две фабрики останале во производство во Стариот град Наблус од 2008 г; во моментов, производите се продаваат првенствено во Палестина и арапските земји, со одреден извоз преку фер-трговија во Европа и пошироко.За континуираните проблеми и во однос на производството на сапун и неговиот извоз,Krämer, 2008, p. 50. генералниот директор на фабриката во сопственост на семејството Тукан коментирал во 2008 год:Пред 2000 г. нашата фабрика произведуваше 600 тони сапун во годината. Поради физичките и економските пречки со кои се соочуваме сега поради израелската окупација - а особено контролните пунктови - денес произведуваме едвај половина од таа количина.Според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, контролните пунктови и блокадите на патиштата поставени низ целиот Западен Брег создале проблеми во транспортот на залихи и материјали до и од фабриките, како и им го отежнаа на работниците да стигнат од своите домови до фабриките. Наблускиот сапун сè уште е широко продаван во Наблус и на Западниот Брег. Исто така, се извезува во Јордан, Кувајт и арапско-израелски градови како што е Назарет.

Во декември 2024 г. „Традицијата на производство на сапун Набулси во Палестина“ била признаена од УНЕСКО како нематеријално културно наследство „кое има потреба од итна заштита“.

Процес на производство Главните состојки на Наблускиот сапун се девствено маслиново масло, вода и алкално натриумово соединение. Соединението се прави со мешање на правливата пепел од растението барила, кое расте по бреговите на реката Јордан, со локално набавена вар. Натриумовото соединение потоа се загрева со вода и маслиново масло во големи бакарни буриња над ферментациски јами. Растворот од вода и натриумово соединение станува сè поконцентриран во серија од 40 циклуси што се повторуваат во текот на осум дена. Во тоа време, дрвена алатка во облик на весло позната како дукшаб се користи за континуирано мешање на течниот сапун.Течниот сапун потоа се распоредува во дрвени рамки за да се стврдне. По стврднувањето, се сече во класичната коцкаста форма на Наблускиот сапун и се печати со заштитниот печат на компанијата. Коцките сапун потоа се подложуваат на процес на сушење што може да трае од три месеци до една година и вклучува нивно редење во структури високи до таванот, слични на конуси со шупливи центри што овозможуваат воздухот да циркулира околу нив.

Готовиот производ е со боја на слонова коска и речиси и да нема мирис.(Парфемите никогаш не се користат во Наблускиот сапун.) Пред да ја напуштат фабриката, поединечните коцки што треба да се продаваат локално се завиткуваат рачно во хартија што е восочена од едната страна.Коцките што се наменети за извоз се оставаат незавиткани и обично се испраќаат во тврди вреќи за да се заштитат од оштетување.

Сметајќи се за важен аспект на културното наследство на Наблус, зачувувањето на индустријата за производство на сапун во Набулси било во фокусот на неколку локални проекти, вклучувајќи ја реставрацијата и претворањето на старата фабрика за сапуни „Арафат“ во Центар за збогатување на културното наследство. Центарот има истражувачки и изложбени објекти и вклучува мала фабрика за сапуни за модели што произведува сапун „Набулси“ со традиционални методи. „Проект Хоуп“и други локални невладини организации го пласираат сапунот на Запад за да соберат средства за нивните други проекти во заедницата.

Галерија

Поврзано

Палестински ракотворби Кастилски сапун Марсејски сапун Вегански сапун Африкански црн сапун

Наводи

Поврзано

Производител на сапун во Наблус Продавница за сапуни во Наблус Сведок, документарец што прикажува профили на 3 бизниси во Наблус, вклучувајќи го и еден од двата преостанати производители на сапун во Набулси. Категорија:Нематеријално културно наследство Категорија:Арапска култура Категорија:Сапуни Категорија:Економија на Државата Палестина