мини|Казашки маж кој носи малахај, прикажан на слика од 1815 Малахај ( или , ) ― еден вид на историска капа која потекнува од денешен Казахстан, а подоцна се појавила и на териториите на Централна Азија. Оваа капа ја носеле и луѓето кои живееле во Руската Империја во периодот од 18-ти до средината на 19-ти век. Оваа капа била крзнена, забележително висока, во форма на конус, цилиндар или во форма на четириаголник и на нејзе имало четири капачиња: две долги странични капачиња кои ги покривале ушите, едно широко задно кое ги покривало вратот и рамената и едно кратко предно што служело како визир. Била изработена со крзна од различни животни, меѓу кои се јазовец, лисица и волк.
Оваа капа ја носеле мажите во зима со цел да се заштитат од студот и да ги издржат временските услови на патот, капата служела и како мек заштитен шлем од оружје со сечило. Истата капа ја носеле и жените во некои делови од Русија. Меѓу староверците, малахајот бил забранет од религиозни причини.
Етимологија Етимологијата на зборот малахај е спорна. Иако поголемиот дел на филолози се согласиле дека овој збор бил изведен од монголскиот збор (шапка), тие немале одговор на прашањето како овој збор дошол во рускиот јазик. Широката употреба на зборот во туриските јазици била главната причина за да наведе дел од филозофите да теоретизираат дека влегол во рускиот јазик преку турскиот - според унгарската лингвистка Ева Чаки, манџурските говорници го позајмиле монголскиот збор без , но истата буква повторно ја вратиле во зборот откако тој влегол во кипчачките јазици. Постои и друга теорија според која се верува дека зборот потекнувал од манџурските и монголските говорници што живееле во југоисточен Сибир, а потоа зборот влегол, во турскиот преку рускиот.
Дизајн и материјали Слики од казахстански мажи како носеле малахаи, биле создадени во 18 и 19 век од руски, западноевропски и кинески уметници од династијата Ќинг, а кон крајот на 19 век, фотографирани од руски службеници, војници и патници.
Капата генерално била од 40-50 цм високи и конусни, цилиндрични, или четириаголни. Капата обично имала четири прекривки, од кои предната, правоаголна и пократка прекривка од останатите, служела за да го покрие челото на носителот за време на силни студени бранови или снежни бури. Страничните прекривки се врзувале заедно или на врвот на брадата на носителот или под брадата, со кожни ремени или ленти зашиени на преклопите. Широкиот заден преклоп ги покривал вратот и рамената на носителот. Направени биле од овча кожа, еленска кожа и телешка кожа и биле обложувани со крзна од различни животни како што се дабар, лисица, јазовец и волк, додека нивниот најнадворешен слој го изработувале од ткаенина, брокат, свила, или кадифе.
Во Русија Малахајот станал дел од руската облека во средината на 18 век, откако Башкирите и Калмиците го вовеле капата во земјата. До средината на 19 век, оваа капа почнале да ја користат и луѓето кои живееле во Сибир и Европска Русија; меѓутоа, пред крајот на 19 век, во Руската Империја оваа капа била заменета со ушанка.
Луѓето во Русија, оваа капата најчесто ја носеле кога патувале со цел да се заштитат од студовите. Додека пак во Сибир, малахајот бил карактеристичен за кочијашите. Покрај тоа што капата служела како заштитник од студовите, таа служела и како мек заштитен шлем од оружје. Во некои региони на Русија, го носеле и жените.
Меѓу староверците - источните православни христијани кои ги одржувале литургиските и ритуалните практики на Руската православна црква, во 17 век ги забраниле малахај капит бидејќи носителот на капата имал силуета што наводно личела на роговиден демон. Имало и малахји обложувани со крзно од волк, што им било забрането да го носат, особено на групни молитвени состаноци.
Наводи
Категорија:Казахстанска култура Категорија:Малахај Категорија:Руски ракотворби