мини|Урбан Алжирец облечен во бел/беж бурнус, 19-ти век Бурнус, исто така барнус, е долга наметка, традиционално носена во Северна Африка од страна на арапските и барберските мажи. Изработена е од груба волнена ткаенина со зашилена качулка, најчесто бела, Историски гледано, мажите на високите позиции го носеле белиот бурнус за време на важни настани. Денес, мажите од различни општествени статуси може да го носат за церемонијални пригоди, како што се свадби или верски и национални празници.Encyclopédie du costume: des peuples de l'Antiquité à nos jours ainsi que, Nouvelles editions latines. Maurice Cottaz. (1990). Page 80. . Date:02-08-2016.

Зборот бурнус (во буквален превод „изгореница“) е арапски збор, изведен од грчкиот збор „birros“ што означува „долга, лабава наметка со качулка што ја носат Арапите. Зборот е пронајден и во хадис од Мухамед, во кој се забранува бурнус и разни други облеки за време на аџилак. Во изворите од Машрек, означува долга качулка или облека за тело. Бурнус, исто така бил присутен и на раниот муслимански Арапски Полуостров. Различни извори од деветнаесеттиот век го нарекуваат бурнус арапска наметка.

Оваа облека, во антиката, се нарекувала byruss Numidicus, што значи „Нумидиска наметка со качулка“ и била спомената како таква во Expositio totius mundi et gentium. Во Магреб, бојата на бурнусот може да биде бела, беж или темно кафеава. Во близина на Сигус, постојат карпести гравури кои сведочат за постоењето на бурнусот во античко време и дека го носеле жителите на Арапската пустина и Нумидијците.

Културно значење

Во Алжир мини|Арапски маж облечен во бурнус и Арапка во затворена облека, во Отомански Алжир мини|Алжирскиот воен водач Абд ел-Кадер носи бурнус во 1853 година мини|Алжирски спахии од француската армија кои носат бурнуси како дел од нивната униформа, 1886 година. Бурнусот станал симбол на идентитетот на Алжирците, за време на францускиот колонијален период во Алжир (1830–1962). Многу Алжирци, вклучувајќи ги и оние кои не биле номади, почнале да го носат бурнусот како начин да го потврдат своето културно наследство и да се спротивстават на француското влијание.

За време на Алжирската војна за независност (1954–1962), исто така се носел бурнусот, како симбол на отпор и како практична облека за герилските борци кои дејствувале во планините и пустините.

Денес, бурнусот останува важен симбол на алжирската култура и идентитет. Често се носи за посебни пригоди, како што се религиозни фестивали и свадби, а понекогаш се користи како костим во традиционални танцови претстави. Воедно, дел е од церемонијалната униформа што ја носи коњаничкиот одред на Алжирската Републиканска гарда .

Бурнус во другите култури Бурнусот станал препознатлив дел од униформата на спахиската коњаница на Француската армија на Африка, регрутирана во Алжир, Мароко и Тунис. Понекогаш неофицијално го носеле и офицери или војници од други единици во Северна Африка. Белиот бурнус останува дел од парадната униформа на единствениот преостанат спахиски полк на француската армија: Првиот спахиски полк.

Поврзано

Бернос Кафтан Кашабија Џелаба Камис

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Традиционална облека