Танџавурска уметничката плоча е артефакт кој се произведува исклучиво во регионот Танџавур во Тамил Наду, Индија. Тоа е кружна плоча составена од сребро, бронза и бакар, на која во центарот се врежани фигури на хиндуистички богови и божици. Уметничкото дело било регистрирано за заштита според договорот за географска ознака на правата за интелектуална сопственост поврзани со трговијата (TRIPS). Наведено е во точка 63 од Законот за географски ознаки од 1999 година на Владата на Индија, со регистрација потврдена од страна на Генералниот контролор за патенти, дизајни и трговски марки во 2007-08 година. Иако големината на предметот е дозволена да биде различна, составот на металот и спецификацијата мора да останат исти за да се идентификува со единствениот индикатор според одобрението од ГИ.

Историја Танџавурската уметничка плоча била воведена од раџа Серфоџи-II (1777–1832) за време на владеењето на Маратите во Танџавур. Била изработена како ексклузивен подарок од занаетчиите од Танџавур по предлог на раџата.

Артефактот се изработува исклучиво од заедницата Вишвакармас, која се состои од неколку златарски семејства во Танџавур. Тоа е наследена уметност и начин на живот за нив. Била декларирана како домашна индустрија бидејќи се изработува во домовите на занаетчиите. Неговото производство е исклучиво оставено на мажите.

Плоча изработена во 20 век била изложена во музеј во Владиниотво во Танџавур 2011 година. Оваа плоча била изработена од пропишаните метали има релјефни слики од Натараџа, мудрецот Патанџали и божицата Парвати во стоечка положба над цвет од лотос, во централниот дел од плочата. Производство Артефактот се состои од три компоненти тие се: основна плоча, кружна плоча од метали со примарен релјеф и секундарен релјеф. Листови од месинг се користат за изработка на основните плочи, сребрени листови за изработката на релјефот, олово се користи за креирање калапи за проектирање на тридимензионалните слики и асфалтна или восочна плоча. Основната плоча прво се подготвува од мајстор кој е специјализиран за тешки метали. Потоа изработката на дизајни или релјефи се врши од златари, а вметнувањето на релјефот е оставено на експертот за поставување дијаманти. Постапката на производство вклучува изработка на основната плоча, проследено со леење на бакарната плоча, подготовка на калапи и изработка на мотивите на бакарни плочи и бои. Основната плоча е исто така покриена со мотиви. Цветни и други дизајни се резбаат на релјефите, а производот потоа се завршува со полирање.

Уметничките чинии се пласирани на пазарот во земјата, а исто така се и извезувани. Тие се пласирани на пазарот од самите занаетчии или во изложбени салони за ракотворби и преку извозници.

Наводи

Категорија:Тамилска култура Категорија:Индиски ракотворби