мини|Примери во музејСината грнчарија ― широко призната како традиционален занает на Џајпур со централноазиско потекло. Името „сина грнчарија“ доаѓа од впечатливата кобалтно сина боја што се користела за боење на грнчаријата. Таа е еден од многуте евроазиски видови сино-бела грнчарија, а по формите и декорацијата е блиска на исламската грнчарија и кинеската грнчарија.

Сината грнчарија од Џајпур била под силно влијание на персискиот керамички стил, но развила сопствени дизајни и мотиви. Инспирирана од природата, била обилно украсена со животни, птици и цвеќиња, навестувајќи персиски геометриски дизајн во композициите. Дел од оваа грнчарија е полупроѕирна и претежно украсена со могулски арабески шари и мотиви од птици и други животни, дизајн што бил забранет во персиската уметност од исламско потекло.

Сината грнчарија од Џајпур, изработена од керамички материјал сличен на египетскиот фајанс, била глазирана и печена на слаб огин. Не била користена глина: „тестото“ за грнчаријата се подготвувало со мешање на прав od кварцен камен, стаклен прав, мултани мити (земја од фулер), боракс, гума и вода. Друг извор ги наведува правот Катира Гонд (гума) и саџи (сода бикарбона) како состојки. Исто како грнчаријата, се печела само еднаш. Најголемата нејзина предност е што не појавува никакви пукнатини и е непропустлива, хигиенска и погодна за секојдневна употреба. Сината грнчарија била убаво украсувана со четка кога садот се ротирал. Така, добивала големо утилитарно и естетско значење.

Печењето на многу ниска температура ја правело кршлива. Асортиманот на предмети, првенствено бил декоративен, како што се пепелници, вазни, подметачи за јадење, мали чинии и кутии за ситници. Палетата на бои била ограничена на сината боја добиена од кобалт оксидот, зелената од бакар оксидот и белата, иако понекогаш биле вклучени и други неконвенционални бои, како што се жолта и кафеава. Производи што се произведувале: чинии, вазни за цвеќе, садови за сапун, сурахии (мали бокали), послужавници, подметачи за јадење, чинии за овошје, рачки за врати и глазирани плочки со рачно насликани цветни дизајни. Понекогаш се изработувале и дизајнерски парчиња за изложување.Седиштето на овој занает бил главно во Џајпур, но и во Санганер, Махалан и Неота.

Процес Изработката на сина грнчарија претставувало сложена и долготрајна постапка која се одвивала во многу чекори. Печењето на многу ниска температура го правело процесот кревок, полн со ризици и истовремено барал искуство, трпение и експертиза. Отсуството на глина било она што ја разликува сината грнчарија од традиционалната грнчарија. Материјалите што се користеле за изработка на сината грнчарија биле прав од кварцен камен, прав од стакло, боракс, гума и Мултани мити (земја од фулер). Тие се меселе во тесто со мешање и се додавала вода. Тестото за обликување се валкало и се сплескувало во „чапати“ (палачинка) со дебелина од 4-5 милиметри, по што се ставало во калапи со мешавина од камчиња и пепел. Калапите, направени од париски малтер (POP), се одржувале внимателно за да се овозможи повеќекратна употреба. Калапот се превртувал наопаку и се вадел, а производот се оставал да се суши 1-2 дена. По чистењето и обликувањето на керамиката, површината се полирала со шмирглала. Овој чекор го измазнувал производот и го правел подготвен за сликање. Откако врз него ќе се насликале мотиви и ќе се додадел последниот слој глазура, целосно исушениот производ бил подготвен за печење.

Занаетчиите традиционално се молеле пред да ја постават печката. Некои уметници дури и денес продолжуваат со практиката да се молат за успешно печење на грнчарските предмети. Подготовката на печка за печење на грнчарските предмети претставува деликатен процес и секој погрешен чекор може да доведе до пукнатини на производот. Производите се чуваат во печка за да се исушат. Печењето се одвива приближно 4-5 часа за да се одржат рамномерни температури и да се спречат пукнатини. Пред да ги извадат производите, печката треба целосно да се олади. Може да потрае 2-3 дена пред да можат да се изнесат производите. Готовите производи лесно се чистат пред да се изложат или спакуваат.

Поврзано

Сино-бела грнчарија Египетски фајанс

Наводи

Галерија

Категорија:Индиска култура Категорија:Занаети Категорија:Индиски ракотворби