Ден на мртвите () — американски филм на ужасите од 2008 г.

Тој е преработка на класичниот филм од 1985 г., каде дејството се одвива некое време по настаните од „Ноќ на живите мртовци“ и „Зора на живите мртовци“, кои го опфатиле целиот свет. Јунаците на филмот се мала група научници и воени лица што се кријат од мртвите во подземен бункер.

Филмот е снимен претежно во Бугарија, но некои сцени се снимени во Лос Анџелес, Калифорнија.

Содржина Дејството на филмот се врти околу главната јунакиња, Сара Боумен, која се обидува да преживее во градот населен со мртовци (зомбија) и да го спаси своето семејство и своите најблиски од кобната грешка на докторот Логан.

Во тајна лабораторија, професорот Логан создал нов вид мутација што ги враќа мртовците во живот, со цел да станат биолошко оружје. Докторот Логан ја смета својата идеја за генијална, но вирусот продира во мал град, каде ја заразува својата прва жртва. Полицијата прогласува карантин во градот, сметајќи дека новата болест е само атипичен вирус на пневмонија. Набргу потоа, генот создаден од Логан се шири низ градот; болниците се преполни, и многу луѓе умираат, по што стануваат зомбија. Зомбијата покажуваат агресија кон живите и ги убиваат. На улиците на градот почнува да владее неред, преживеаните се кријат во своите домови, но ни тоа веќе не е безбедно.

Улоги

| Мина Сувари || каплар Сара Крос-Боумен |- | Ник Канон || редов Салазар |- | Мајкл Велч || Тревор Крос-Боумен |- | Аналин Макорд || Нина |- | Старк Сендс || редов Бад Крејн |- | Мет Рипи || д-р Логан |- | Ијан Макнис || диџеј Пол |- | Криста Кембел || госпоѓа Лејтнер |- | Винг Рејмс || капетан Кенет Роудс |- | Хју Скинер || Кајл |- | Лора Још || госпоѓа Нобл |- | Кејлум Рори Лотон || момче на улицата

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Американски филмови за зомбија