Свети Јован Богослов — главна селска црква во прилепското село Бонче, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во јужниот дел на селото, сместена на возвишение, а околу нејзе се наоѓаат стари гробишта.

Историја

Истражувачот Јован Трифуноски запишал дека црквата била изградена во 1850-тите, но при мониторинг во 2023 година била забележано дека црквата претставува градба од XII век со измени во XVIII век.

Во поново време е извршена промена на покривот на црквата, при што првичните камени плочи биле заменети со ќерамиди. Истовремена била изведена дренажа.

Архитектура

Црквата претставува еднокорабна градба. На градбата во 2023 година се забележани пукнатини на ѕидовите и на сводот.

Фрескоживопис

Во црквата се зачувани само фрагменти од ѕидното сликарство, па така се сретнува само во олтарниот дел. Таму има два периоди: постар врз земјена подлога најдоцна од XVII век и понова преслика во олтарната апсида од XIX век.

Фрескоживописот во црквата се наоѓа во исклучително лоша состојба.

Галерија

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Бонче

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Јован Богослов во Македонија