десно|мини|Портрети на Елизабет од Томас Филипс Елизабет Виндам (родена Илив или Илиф; околу 1769 – 30 декември 1822), — англиска полиматка, позната како грофицта од Егертон по 1801 година. Добила награда од Кралското друштво на уметностите за дизајнот на „лост со попречна шипка“ што го измислила, и кој служел за кревање камења.

Ран живот Елизабет Илив потекнувала од Оксфорд, а нејзиниот татко веројатно бил печатар и/или мајстор во Вестминстерското училиште. Томас Хамилтон Илив бил нејзин помлад брат.

Научни интереси Во 1798 година, Елизабет Илив го доставила до Кралското друштво на уметности дизајнот за „лост со попречна шипка“ што го измислила, за кревање на камења. За ова и бил доделен абет, од Томас Филипс, РА, се чува во нејзиниот поран дом, Петворт Хаус. На него е прикажана Елизает со дијаграм од нејзиниот изум.

Уметност Уметникот Вилијам Блејк живеел во близина на Петворт некое време, а се верува дека Елизабет нарачала неколку дела од него. Елизабет веројатно била неименуваната жена во „Визијата на Страшниот суд“ од Блејк.

Нејзиниот сопруг, грофот Џорџ Виндам, бил покровител на JMW Turner, а се верува дека Елизабета им помогнала на Тарнер преку создавање на пигменти во нејзината сопствена лабораторија. Доказите за ова вклучуваат сметки за материјали за уметници, стаклени и земјени реторти, имплодирачки шишиња, магдебуршки хемисфери и жолт прав.Esther Chadwick (20 March 2018). "William Blake at heaven's gate". Apollo Magazine. Retrieved 29 July 2018.

Наводи

За понатамошно читање

Шила Хејнс, Ли Лосон и Алисон Мекан, Елизабет Илив, Грофицата на Егремонт (Бејкхаус Прес, 2017) Категорија:Починати во 1822 година Категорија:Родени во 1760-тите