Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), поранешни имиња Кошаркарски сојуз на Македонија и Македонска кошаркарска федерација, — врховно раководно тело на кошарката во Македонија. Раководи со машките и женските сениорски и младински репрезентации, како и со машките и женските сениорски и младински лиги и куп натпреварувања. Седиштето на КФМ е во Скопје.
Историја Кошаркарскиот сојуз на Македонија станал членка на ФИБА на 23 мај 1993 година.
Во 2009 година, името на Федерацијата било сменето од Кошаркарска федерација на Македонија во Македонска кошаркарска федерација. Тој назив го носел сè до мај 2019 година, кога бил ставен службениот назив Кошаркарска федерација на Република Северна Македонија согласно контроверзната политика на владејачките структури.
Во март 2015 дошло до судир меѓу раководството на КФМ и дел од клубовите кои формирале Иницијативен одбор за свикување вонредно собрание на КФМ на кое би се извршила смена на претседателот Даниел Димевски. Притоа, ФИБА доставила допис до Агенцијата за млади и спорт на Македонија во врска со спорот меѓу двете страни, заканувајќи се со санкции ако не се почитува процедурата за свикување собрание на КФМ.„ФИБА се закани со суспензија за мак-баскетот“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27. Потоа, Управниот одбор на КФМ го признал правото на Иницијативниот одбор на клубовите за свикување вонредна седница на Собранието на КФМ и донел одлука да се формира заедничка комисија, составена од претстваници на двете спротивставени страни, која би нашла заедничко решение, а со цел да се избегне опасноста од казна од страна на ФИБА.„Нема да се ризикува со суспензијата од ФИБА“, Дневник, година XIX, број 5731, среда, 1 април 2015, стр. 27. За надминување на кризата во македонската кошарка, претседателот на МКФ Даниел Димевски закажал изборно собрание, кое се одржало на 27 април при што тој не поднесол кандидатура за втор мандат.„Арбитражата на МКФ ги помилува Работнички и Куманово“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 24. На изборното собрание, одржано во хотелот „Александар палас“ во Скопје, за нов претседател на КФМ едногласно бил избран Петар Наумоски. Притоа, на почетокот на гласањето, како противкандидат на Наумовски бил предложен членот на управниот одбор на КФМ Абдураим Бајрактар, кој бил поддржан од 10 члена на собранието, но потоа, тој се повлекол од изборот, поради неправилности во процедурата на пријавување. По изборот, Наумоски предложил нов состав на управниот одбор на КФМ, во состав: Абдураим Бајрактар, Илија Пенов, Сашо Босилков, Сашо Дракуловски, Тони Трајков, Даниел Воиновски, Александар Свртинов, Среќко Трајковски, Ристо Јаневски, Благоја Георгиевски - Буштур, Горан Ѓорѓиевски, Пејчо Илиев - Баџо и Анатол Кутревски.„Наумоски: Ќе обезбедиме оптимални услови за репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5753, среда, 29 април 2015, стр. 26-27. Со изборот на новиот претседател не завршиле превирањата во МКФ, зашто на почетокот од јуни 2015 година, генералниот секретар Дејан Јовановски поднесол оставка, по само еден месец поминат на таа функција, а покрај него си заминал и директорот на репрезентацијата Илија Мерџановски.„Јовановски се повлече од позицијата генерален секретар“, Дневник, година XIX, број 5782, петок, 5 јуни 2015, стр. 23. Малку подоцна, за нов спортски директор на репрезентацијата бил поставен Заре Марковски.„Самарџиски се враќа во репрезентацијата“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 26.
На 31 август 2020 година, Федерацијата го сменила своето седиште од улица „Македонија“ и се преселила на улицата „Дебарца“ во населбата Дебар Маало.
Домашни натпреварувања Машка конкуренција Прва лига Втора лига Трета лига (не е во функција; прекината) Куп на Македонија Суперкуп на Македонија (повремено натпреварување)
Женска конкуренција Прва лига Куп на Македонија
Меѓународни натпреварувања
мини|десно|250п|Машката кошаркарска репрезентација
Машка репрезентација Женска репрезентација
Младински репрезентации
Репрезентации под 20 години
Машка репрезентација под 20 години Женска репрезентација под 20 години
Репрезентации под 18 години
Машка репрезентација под 18 години Женска репрезентација под 18 години
Репрезентации под 16 години
Машка репрезентација под 16 години Женска репрезентација под 16 години
Раководство
Челници на КФМ Челниците на КФМ се:
Дејан Лекиќ - генерален секретар Соња Спасовска - технички секретар Врбица Стефанов - директор на сениорска репрезентација Илија Мерџановски - директор на репрезентации
Управен одбор на КФМ Управниот одбор на КФМ е во следниот состав: Даниел Димевски - претседател Димитар Костадинов - потпретседател Дарко Дарковски Војо Петров Роберт Блажевски Емил Стојменов Виктор Здравков Христијан Шапкар Ѓорѓи Ристов Љупчо Васевски Алеко Ангеловски Зоран Марковски Предраг Чемерикиќ Љупчо Стаматовски Абдураим Бајрактар Милорад Славковиќ Ване Соколовски - претседател на Здружение на прва лига мажи Драган Христов - претседател на Здружение на втора лига мажи Дарко Здравковски - претседател на Здружение на трета лига мажи Михаил Апостолски - претседател на Здружение на прва лига жени Владимир Огњановски - претседател на Здружение на младински лиги
Досегашни претседатели на Кошаркарската федерација на Македонија Претседател Години на мандат Навод Ацо Петровски1950-1952 Деспот Колачевски1952-1955 Петар Божиновиќ1955-1957 Благоја Ангеловски1957-1971 Петар Димовски1971-1974 Драгољуб Лазов1974-1978 Александар Варналиев1978-1981 Васил Тупурковски1981-1982 Деспот Сотировски1982-1983 Мети Крлиу1983-1986 Милош Ѓурчиновски1986-1988 Љубомир Фишиќ1988-1990 Душан Петрески1990-1992 Благоја Самакоски1992-1993 Зоре Темелковски1993-1997 Јордан Камчев1997-1999 Горан Рафајловски1999-2001 Леонид Гајдаџиев2001-2004 Драгољуб Арсовски2004-2005Даниел Димевски2005-2015Петар Наумоски2015-2019Перо Антиќ2019- Извор:Список на досегашни претседатели на Македонската Кошаркарска Федерација Македонска кошаркарска репрезентација на Facebook 27 април 2015
Годишни признанија
Наводи
Надворешни врски Официјалното мрежно место на МКФ Старото официјално мрежно место на МКФ Профил на МКФ на FIBA Europe Неофицијална навивачка страница на Facebook на македонската кошарка
Категорија:Кошаркарски организации Категорија:Кошарката во Македонија Категорија:Спортски федерации во Македонија Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија