Основно училиште „Круме Волнароски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Круме Волнароски“ - Старо Лагово; скратено: ПООУ „Круме Волнароски“) — подрачно основно училиште во прилепското село Старо Лагово, во состав на истоименото училиште од селото Тополчани, Општина Прилеп.
Училиштето е именувано по македонскиот партизан и народен херој Круме Волнароски.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во самото село, меѓу селските куќи.
Историја
Училишниот објект бил изграден во 1952 година.
Објект
Училиштето има цврста градба и се загрева со огревно дрво.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Прилеп Категорија:Старо Лагово Старо Лагово