Штефан Ројтер (р. 16 октомври 1966, во Динкелсбил) — германски поранешен фудбалер, играч од одбраната. Во моментов работи како спортски директор во екипата на .
Технички карактеристики Благодарение на карактеристики како што се сила, брзина и способност за враќање/одземање топка од противникот, тој најдобро функционирал како бек, или алтернативно како крилен играч од средниот ред, и во двата случаи по десната страна. Покрај тоа, тој исто така, повремено ги покривал позициите на централен дефанзивец и „либеро“, при што втората била и неговата главна улога, а поретко (и со помал успех) играл и како „медијано“ во средниот ред.
Клупска кариера Кариерата ја започнал во локалниот тим ТСВ 1860 Динкелсбил, од каде во 1982 година тој се преселил во младинскиот сектор на . Откако наполнил осумнаесет години, како што било пропишано со прописите на германската федерација, во 1984 година го имал своето деби за првиот тим во Втората Бундеслига. Тој останал во Нирнберг до 1988 година, освојувајќи промоција во Прва Бундеслига во 1985 година и квалификација за Купот на УЕФА 1988-1989 во својата последна година, забележувајќи вкупно 100 настапи и постигнувајќи 10 првенствени голови за клубот.
Потоа, Ројтер се преселил во . Тој играл во Баварија од сезоната 1988-1989 до сезоната 1990-1991, освојувајќи две национални титули и еден Суперкуп на Германија (1990), завршувајќи го својот тригодишен престој во Бајерн со 95 настапи и 4 гола.
Во сезоната 1991-1992, тој пристигнал во Италија, купен од за 4,6 милијарди лири, заедно со соиграчот Јирген Колер. За разлика од вториот, кој ќе стане еден од главните столбови на одбраната на „бјанконерите“ во првата половина на 1990-тите, Ројтер покажал неконзистентни перформанси во Торино, пред се поради разни повреди, но и тактички недоразбирања со тренерот Џовани Трапатони (кој не ги искористил целсоно неговите квалитети претпочитајќи да го користи во средниот ред, наместо во одбраната), по што неговотото искуство во Серија А не продолжило подолго по оваа единствена сезона, во која што одиграл 28 натпревари.
Во 1992 година, тој се вратил во Германија, овојпат носејќи го дресот на каде што играл до крајот на својата кариера. Од сезоната 1992-1993 до неговото пензионирање на крајот од првенството 2003-2004, тој одиграл 307 натпревари во жолто-црниот дрес, постигнувајќи 11 гола во Бундеслигата, која и ја освоил во три наврати (1994-1995, 1995-1996 и 2001-2002). На меѓународната сцена, тој исто така учествувал во успесите на тимот во 1997 година во Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп.
Репрезентативна кариера Со германската репрезентација, тој учествувал на Светските првенства во 1990 (тогаш со Западна Германија) и 1998, како и на Европските првенства во 1992 и 1996, освојувајќи ги изданијата во 1990 и 1996 година, соодветно, и завршувајќи како финалист во 1992 година. Играјќи прво за Западна Германија, а потоа и за Германија, тој одиграл вкупно 69 натпревари и постигнал 2 гола во периодот помеѓу 1987 и 1998 година.
Хронологија на репрезентативните настапи Западна Германија
Германија
По завршувањето на кариерата
По пензионирањето, Ројтер останал во Борусија Дортмунд од 2004 до 2005 година, како помошник на раководството во одделот за маркетинг. Од 2006 до 2009 година, тој ја извршувал функцијата спортски директор во екипата на . Од 2012 година бил спортски директор на . Во неговото време, Аугсбург се квалификувал за Лига Европа во сезоната 2014-2015, за прв пат во историјата на клубот. На 12 септември 2023 година, тој ја завршил својата работа како спортски директор на Аугсбург и се префрлил да работи на советничка улога во клубот.
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1984-1985 2Б 25 3 КГ 1 0 - - - - - - 26 3 1985-1986 БЛ 33 2 КГ 2 2 - - - - - - 35 4 1986-1987 БЛ 33 6 КГ 2 1 - - - - - - 35 7 1987-1988 БЛ 34 2 КГ 4 0 - - - - - - 38 2Вкупно Нирнберг 125 13 9 3 - - - - 134 16 1988-1989 БЛ 32 0 КГ 3 0 КПК 10 1 - - - 45 1 1989-1990 БЛ 33 0 КГ 3 0 КШ 8 0 СГ 1 0 45 0 1990-1991 БЛ 30 4 КГ 1 0 КШ 8 3 СГ 1 1 40 8Вкупно Бајерн Минхен 95 4 7 0 26 4 2 1 130 9 1991-1992 А 28 0 КИ 8 0 - - - - - - 36 0 1992-1993 БЛ 26 0 КГ 4 0 КУ 10 0 - - - 40 0 1993-1994 БЛ 21 0 КГ 2 1 КУ 5 0 - - - 28 1 1994-1995 БЛ 33 4 КГ 2 0 КУ 9 1 - - - 44 5 1995-1996 БЛ 26 6 КГ 2 0 ЛШ 5 0 СГ 1 0 34 6 1996-1997 БЛ 27 1 КГ 1 1 ЛШ 9 1 СГ 1 0 38 2 1997-1998 БЛ 28 0 КГ+ЛКГ 2+1 0 ЛШ 8 0 ИК 1 0 40 0 1998-1999 БЛ 25 0 КГ 0 0 - - - - - - 25 0 1999-2000 БЛ 26 0 КГ+ЛКГ 1+2 0 ЛШ+КУ 7+1 0 - - - 37 0 2000-2001 БЛ 5 0 КГ 0 0 - - - - - - 5 0 2001-2002 БЛ 28 0 КГ+ЛКГ 0+2 0 ЛШ+КУ 71 настап во квалификациските кола.+8 0 - - - 45 0 2002-2003 БЛ 31 0 КГ+ЛКГ 2+0 0 ЛШ 10 0 - - - 43 0 2003-2004 БЛ 31 0 КГ+ЛКГ 2+3 0 ЛШ+КУ 22 настапи во квалификациските кола.+4 0 - - - 42 0Вкупно Борусија Дортмунд 307 11 26 2 85 2 3 0 421 15Вкупно во кариерата 555 28 50 5 111 6 5 1 721 40
Рекорди Борусија Дортмунд 4. место по бројот на настапи за Борусија Дортмунд во сите официјални натпреварувања: 421
Титули Клупски Бајерн Минхен Бундеслига : 2 1988-1989, 1989-1990 Суперкуп на Германија : 1 1990
Борусија Дортмунд Бундеслига : 3 1994–1995, 1995–1996, 2001–2002 Суперкуп на Германија : 2 1995, 1996 УЕФА Лига на шампиони : 1 1996-1997 Интерконтинентален куп : 1 1997
Репрезентативни Западна Германија Светско првенство : 1 Италија 1990
Германија Европско првенство : 1 Англија 1996
Наводи
Надворешни врски
Штефан Ројтер на fbref Штефан Ројтер на transfermarkt Штефан Ројтер на espn Штефан Ројтер на whoscored
Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Нирнберг Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Луѓе од Динкелсбил Категорија:Живи луѓе