Никола Галевски ( во — во ) — македонски народен музичар, виолинист, композитор, аранжер и музички раководител. Тој е основач и прв раководител на Малиот радио оркестар при Радио Скопје, кој претставува директен претходник на Народниот оркестар на Радио Скопје (денес Македонска радио-телевизија).Белдедовски, Михаил (2007). Никола Галевски, со виолината до светлината. Скопје: Дирекција за култура и уметност – Скопје.
Ран живот и образование
Никола Галевски е роден во 1920 година во Берово. Во најраното детство започнал да го губи видот, а со текот на времето целосно ослепел. Музичкото образование го стекнал во Домот за слепи во Земун, каде што во текот на 1930-тите години како наставник по музика работел македонскиот етномузиколог Живко Фирфов (1906–1984).
Во истиот период, според научни извори, во установата постоеле и курсеви за музички штимери, што влијаело врз развојот на техничките способности на учениците.Јорданоска, Трена (2020). Музички клуч. Скопје. PDF Според сведоштва, Галевски поседувал апсолутен слух и бил способен професионално да штима клавири и други инструменти.
Музичка кариера
Малиот радио оркестар
Во 1946 година, Галевски го основал Малиот радио оркестар при Радио Скопје, првиот институционално организиран македонски народен оркестар. Во неговата концепција за првпат систематски биле воведени т.н. „европски инструменти“ (виолина, виола, хармоника, кларинет, флејта, тапан, а подоцна и чело и контрабас), со што бил воспоставен современ аранжерски пристап кон македонската народна музика.
Во 1949 година, по иницијатива на Живко Фирфов, Галевски бил назначен за одговорен раководител на новоформираниот Народен оркестар на Радио Скопје.
Изведувачка дејност
Во 1952 година, за потребите на Радио-телевизија Србија, Галевски го снимил делото „Лесното оро“ со Малиот радио оркестар, при што настапил како солист на виолина, во придружба на хармоникашот Ангел Нанчевски и кларинетистот Димитар Крцовски.
Галевски учествувал и во звучното обликување на сценско-кореографските постановки „Фолклорна фантазија“ и „Седенка“, со музика од Кочо Петровски и Трајко Прокопиев.
Композиторска и дискографска дејност
Според меѓународни музиколошки и дискографски извори, Галевски се јавува како композитор и аранжер на македонски народни ора, меѓу кои и композицијата „Gadularsko oro“, и се наведува како македонски виолинист, композитор и аранжер, како и ко-раководител на ансамблот Narodni Orkestar Galevski–Nančevski.Discogs. Gadularsko Oro – Nikolaj Galevski. Discogs database.
Во 1953 година, во Соединетите Американски Држави било објавено грамофонско издание на плоча со брзина од 78 вртежи во минута, произведено од RCA Custom Record Division, на кое е застапен Малиот радио оркестар под раководство на Никола Галевски. Плочата ги содржи нумерите „Oro“ и „Zorata se zazori“, а снимките биле реализирани во Скопје и наменети за американскиот пазар.Discogs. Maliot Radio Orchestar – Oro / Mirvet Belovska – Zorata Se Zazori. Sperry, Vinyl 10", 78 RPM, US, 1953. Manufactured by RCA Custom Record Division. Recorded in Skopje, Macedonia. Подоцнежни години и смрт
По тешките повреди здобиени во скопскиот земјотрес од 1963 година, Галевски бил принудно пензиониран и го напуштил Скопје. Подоцна живеел во Марибор и Белград, каде што останал до крајот на животот.
Починал во 1999 година во Земун.
Наследство
Иако неговото влијание врз развојот на македонската народна музика и радиофонската традиција е значајно, делото на Никола Галевски останува ограничено достапно во дигиталниот простор. Неговото име се појавува во монографски, научни и дискографски извори, но без целосна и систематска онлајн обработка.
Наводи
Надворешни врски Никола Галевски - Брегалнички бисери
Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски музичари