Свето Благовештение (месно наречена и Блоштоење) () — пештерна црква крај селото Глобочани во Мала Преспа, Албанија. Влегува во состав на Горичката митрополија на Албанската православна црква.

Местоположба Оваа пештерна црква се наоѓа во месноста Црна Пешта (Црна Карпа), на околу педесетина минути со кајче од селото Глобочани. Издигната е на височина од околу дваесет и пет метри, на стрмна и висока карпа над водите на Преспанското Езеро.

Околу црквата порано се наоѓале старите гробишта на Глобочани.

Живопис Од целокупниот живопис останала само композицијата „Благовештение“ која е насликана над самиот влез во една полукружна лунета. Процена е дека овој живопис бил создаден кон крајот на XIV век. Иконите и иконостасот се целосно уништени.

Наводи

Категорија:Пештерни цркви во Албанија Категорија:Цркви во Горичката митрополија Категорија:Споменици на културата во Албанија Категорија:Пустец (општина)