Европски земјоделски фонд за рурален развој (ЕЗФРР/EAFRD) ― еден од Европските структурни и вложувачки фондови, кој е основан за финансирање на делата на Програмата за рурален развој (ПРР) со Регулативата бр. 1290/2005 на Советот на Европската Унија од 21 јуни 2005 година за финансирање на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП).
Расудување Руралниот развој е витално важна област на политиката, која влијае на над 50% од населението на ЕУ и речиси 90% од земјиштето на ЕУ. Земјоделството и шумарството остануваат средишни за руралните економии, а руралниот развој се насочува и на заживување на руралните области на други начини. Понатаму, прашања како што се климатските промени, обновливата енергија, биоразновидноста и управувањето со водите стануваат сè поважни гледишта на политиката за рурален развој на ЕУ.
Буџет Над 200 милијарди евра се достапни за финансирање за поддршка на спроведувањето на 94 ПРР-и низ цела ЕУ, за програмскиот период 2007–2013 година. Речиси половина од овие пари се обезбедени од ЕЗФРР, под надзор на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската комисија.
Буџетите на ЕЗФРР во ПРР-ите се користени за постигнување на различни цели за рурален развој, вклучително и подобрување на конкурентноста на земјоделските, шумските и земјоделско-прехранбените бизниси; помагање во заштитата на животната средина; поддршка на руралните економии ; и помагање во квалитетот на живот во руралните области.
Поврзано
Европски земјоделски гарантен фонд Посебна програма за пристапување за земјоделство и рурален развој Шпански земјоделски гарантен фонд
Наводи
Надворешни врски
Резиме на законодавството на ЕУ > Земјоделство > Општа рамка > Финансирање на заедничката земјоделска политика
Категорија:Појавено во 2005 година во Европската Унија Категорија:Рурален развој во Европа Категорија:Европската унија и земјоделството