Странци од пеколот (, дословно: Пеколот се другите; ) — јужнокорејска телевизиска серија од 2019 г. во која главните улоги ги толкуваат Им Си Ван и Ли Донг Вук. Серијата е заснована на истоимениот цифрен стрип објавен на платформата Webtoon на компанијата Naver, чиј автор е Ким Јонг Ки. Оваа серија е вториот проект во рамките на иницијативата „Dramatic Cinema“ на телевизиската мрежа OCN, која ги сврзува филмскиот и драмскиот формат. Серијата се прикажувала од 31 август до 6 октомври 2019 г.
Содржина Дејството ја раскажува приказната за еден младич во своите дваесетти години, кој се сели во Сеул откако добива стажирање во една компанија. Додека бара место за престој, Јун Џонг Ву наидува на „Еден студио“, морничав и евтин интернат, и одлучува да остане таму бидејќи нема доволно пари. Иако не е воодушевен од квалитетот на местото и неговите необични станари, вклучувајќи го и неговиот прв сосед Со Мун Џо, решава да ги трпи додека не заштеди доволно пари за да се исели. Меѓутоа, во пансионот почнуваат да се случуваат загадочни настани, кои го тераат Џонг Ву да почне да се плаши од останатите станари.
Улоги
| Им Си Ван || Јун Џонг Ву |- | Ли Донг Вук || Со Мун Џо |- | Ча Ре Хјунг || Шин Џе Хо
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик