Крајбрежното село Ча-ча-ча (, ) — јужнокорејска телевизиска серија од 2021 г. во жанрот романтична комедија, во која главните улоги ги толкуваат Шин Мин А, Ким Сон Хо и Ли Санг Ји. Серијата е преработка на јужнокорејскиот филм од 2004 г., Mr. Handy, Mr. Hong. Се прикажувала на каналот tvN од 28 август до 17 октомври 2021 г., секоја сабота и недела. Серијата е достапна и за пренос на платформата Netflix.

Оваа серија станала една од најгледаните драми во историјата на корејската кабловска телевизија, сместувајќи се на првото место во својот термин во текот на целото прикажување. Последната епизода постигнала оценка од 12,665 % на национално ниво. Исто така, серијата станала една од најгледаните содржини на Netflix на јазик различен од англискиот.

Содржина Јун Хје Џин, успешна стоматолошка од Сеул, заминува во спокојното крајбрежно село Конгџин на роденденот на нејзината покојна мајка, откако животот ѝ тргнува во неочекуван правец. Таа спонтано одлучува да отвори стоматолошка клиника во селото и го запознава Хонг Ду Сик, познат и како началникот Хонг, кој е вешт во секакви занаети и работи. Оваа романтична драма го прикажува развојот на нивната љубовна приказна, како и животите на останатите жители на Конгџин.

Улоги

| Шин Мин А || Јун Хје Џин |- | Шим Хје Јон || Јун Хје Џин (како дете) |- | О Је Џу || Јун Хје Џин (како тинејџерка) |- | Ким Сон Хо || Хонг Ду Сик (началникот Хонг) |- | Сонг Мин Џе || Хонг Ду Сик (како дете) |- | Ан Сонг Вон || Хонг Ду Сик (како млад тинејџер) |- | Мун Сонг Хјон || Хонг Ду Сик (како тинејџер) |- | Ли Санг Ји || Џи Сонг Хјон

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик