Чоколадна лава торта, стопена чоколадна торта или торта со течно јадро е француски десерт кој се состои од чоколадна торта со течно чоколадно јадро. Наречена е по нејзиниот стопен центар, уште е позната и како чоколаден фондан или едноставно лава торта. Не треба да се меша со фондан од чоколадо, рецепт кој содржи малку брашно, но многу чоколадо и путер, па затоа се растопува на непцето (но не и на чинијата).
Историја Францускиот готвач Мишел Брас изјавил дека ја создал тортата во 1981 година, по две години експериментирање, а неговата оригинална инспирација била семејна група која се загревала по скијање пиејќи топло чоколадо. Францускиот готвач и мајстор за чоколадо, Жак Торес потврдил дека таков десерт постоел во Франција во 1980-тите.
Францускиот готвач Жан-Жорж Вонгерихтен кажал дека го има создадено јадењето во Њујорк во 1987 година. Изјавил дека извадил чоколаден пандишпан од рерна пред да биде готов и открил дека средината е сè уште течна, но топла, со добар вкус и текстура. Нему му се припишува популаризацијата на чоколадна лава торта во Соединетите Американски Држави, каде што стана речиси задолжително вклучување во менијата за десерти во луксузните ресторани во 1990-тите.
Во двата рецепта иако не се слични еден со друг, сепак добиеното јадење е слично. Рецептот на Брас е направен во два дела: замрзнато јадро од ганаш, покриено со тесто од оризов скроб и печено во калап. Рецептот на Вонгерихтен е поедноставен: тесто за чоколадна торта направено од обично брашно, печено кратко во многу загреана рерна. Затоа, течната чоколадна средишност е добиена различно во двата рецепта, но онаа на Вонгерихтен се покажа како попопуларна, бидејќи е полесена за подготовка.
Подготовка мини|Чоколадна лава торта прелиена со чоколаден сос Стопените чоколадни колачи карактеристично содржат пет состојки: путер, јајца, шеќер, чоколадо и брашно. Путерот и чоколадото се топат заедно, додека јајцата или се матат со шеќерот за да се формира густа паста, со што се добива погусто тесто, или се одделуваат, а белката се мати во меренге за да се добие поголема густина и полесна подготовка. Понекогаш се додава и лажица јако кафе за да се подобри вкусот на чоколадото. Во некои случаи дополнително се препорачуваат екстракт од ванила, сол и цимет за да се додаде на вкус.
Тортата се пече во поединечни порции во модли или калапи за бриош. Но, постојат голем број креативни варијации кај чоколадните лава колачи или стопените чоколадни колачи, како што е подготовката на колачите во шолја за кафе или чај. Исто така варијанта на тортата може да се подготви во микробранова печка.
Типични додатоци се топка сладолед, свежо овошје или чоколаден сос и шеќер во прав. Како декорација понекогаш се користат листови од нане.
Поврзано
Чоколадна торта без брашно Моле од чоколадо Леплив пудинг од карамела Список на десерти
Наводи
Категорија:Десерти