Михал Кшиштоф Скорас (роден на 15 февруари 2000, во Јастшембје-Здрој) — полски фудбалер, играч од одбраната или средниот ред на Гент и на полската репрезентација.
Клупска кариера Кариерата ја започнал во младинскиот тим на ГКС Јастшембје, од каде на многу млада возраст преминал во Лех Познањ.
Откако во почетокот играл за вториот тим на Лех, како и на позајмица во екипите на Нечеча и Ракув Ченстохова, Скорас се вратил во Лех за кој дебитирал во сезоната 2019-2020. Откако во својата прва сезона забележал само 5 настапи, во следната, тој станал важен играч на клубот играјќи 38 натпревари и постигнувајќи 3 гола. На 20 март 2021 година, Скорас го постигнал својот прв гол за клубот во натпреварот против Јагелонија Бјалисток. Во сезоната 2021-2022, тој го освоил полското првенство со клубот, а во сезоната 2022-2023 (неговата последна со Лех), тој бил дел од тимот кој стигнал до четвртфиналето на Лигата на коференеции, постигнувајќи притоа 7 гола во натпреварувањето. Вкупно во дресот на Лех Познан одиграл 131 натпревар и постигнал 21 гол.
На 26 април 2023 година, тој потпишал четиригодишен договор со белгискиот Клуб Бриж, во трансфер вреден 6 милиони евра. Приклучувајќи му се на клубот во јули 2023, своето деби го направил на 27 истиот месец, во натпревар од втората квалификациска рунда на Лигата на коференеции. Во истото натпреварување, на 14 март 2024, во победата со 3-0 над Молде во осминафиналето, Скорас го постигнал својот прв гол во дресот на Клуб Бриж. На крајот од сезоната, со клубот го освоил белгиското првенство, а во својата втора сезона и Купот на Белгија.
На 6 септември 2025 година, Скорас потпишал тригодишен договор со друг белгиски клуб, Гент, во трансфер вреден околу 3 милиони евра.
Репрезентативна кариера Скорас ги поминал сите младиснки селекции на Полска од под 16 до под 21 година.
На 22 септември 2022 година, дебитирал за сениорската репрезентација во натпреварот од Лигата на нации, загубен во Варшава со 0-2 од .
Во ноември 2022 година, тој бил вклучен од селекторот Чеслав Михњевич во полскиот состав кој учествувал на Светското првенство 2022 во Катар.
Две години подоцна, тој исто така, настапил и на Европското првенство 2024 во Германија.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Клупски Лех Познан Екстракласа : 1 2021-2022
Клуб Бриж Белгиско првенство : 1 2023-2024 Куп на Белгија : 1 2024-2025
Наводи
Надворешни врски
Михал Скорас на fbref Михал Скорас на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Полски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Лех Познањ Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Гент Категорија:Родени во 2000 година