Крстин Чулаковски-Кичо (, - , ) — припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Животопис Крстин Чулаковски бил роден во Бистрица, Битолско, во 1920 година. Од почетокот на окупацијата во април 1941 бил меѓу најактивните членови на антиокупаторското движење. Бил борец на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ од неговото основање на 20 мај 1943 година, и тука заедно со Фана Кочовска, бил одговорен за санитетскиот оддел на првата чета. Во август 1943 година станал член на Околискиот комитет на КПМ во Битола. Загинал во судир на Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ со германската војска во времето на разоружување на италијанскиот граничен гарнизон.

Почести Една улица во населбата Буковски Ливади во Битола го носи неговото име Спомен-чешма во селото Бистрица

Наводи

Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти