Донер е турско јадење направено од месо зготвено на вертикален ражен. Зачинетото месо наредено во форма на превртен конус се врти полека на раженот, покрај вертикален елемент за готвење. Операторот користи нож за да исече тенки струготини од надворешниот слој на месото додека се готви. Вертикалниот ражен бил измислен во Отоманската империја во 19 век, а јадења како што се арапската шаварма, грчките гироси, канадскиот донер и мексиканскиот ал-пастор се готват вака.

Модерната варијанта на донер во облик на сендвич потекнува и е популаризирана во Западен Берлин во 1970-тите од страна на турските имигранти. Ова било признато од страна на Здружението на турски производители на донер во Европа, со седиште во Берлин, во 2011 година.

Исеченото месо од донер може да се сервира на чинија со разни прилози, да се наполни во пита или друг вид леб како сендвич или да се завитка во тенок леб како што се лаваш или кори, познат како дурум (буквално значи ролна или завиткано на турски). Кадир Нурман во раните 1970-ти го направил сендвичот во завиткана форма, кој станал популарен низ целиот свет како јадење од брза храна што се продава во ќебапџилниците и често се нарекува едноставно „донер“. Сендвичот генерално содржи салата или зеленчук, што може да вклучува домат; зелена салата; зелка; свежа или кисела краставица или чили; и разни видови сосови.

Поврзано

Ќебап Список на храна печена на ражен

Наводи

Литература

, Aufgespießt. Wie der Döner über die Deutschen kam, 1996, Maren Möhring, "Döner kebab and West German Consumer (Multi-)Cultures", in Ulrike Lindner, et al., eds., Hybrid Cultures—Nervous States, 2010, , p. 151-167 Категорија:Средоземна кујна Категорија:Јадења од месо Категорија:Брза храна Категорија:Статии со текст на турски