Иловик е најјужниот кварнерски остров, 2 км јужно од островот Лошињ. Неговата крајбрежна линија е долга 15,4 км, со вкупна површина од 5,9 км². Највисокиот врв е Дид 92 м. Единствената населба е Иловик со 350 жители (2001). Покрај туризмот, населението се занимава со земјоделство, риболов и сточарство (овци) и туризам. Се одгледуваат лозја и маслинки. Иловик е поврзан со редовна бродска линија со Лошињ.
Надворешни врски
Ilovik Social Club Home Page Port of Ilovik Home Page
Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Острови во Хрватска