„Обоена птица“ (англиски: Painted bird) — роман на американскиот писател Јежи Кошињски од 1965 година. Писателот ѝ ја посветил книгата на својата сопруга.Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 5.

Содржина Романот се состои од 20 глави. Глава 1-4. Во 1939 година, непосредно по започнувањето на Втората светска војна, маж и жена го испраќаат своето шестгодишно дете во едно село со намера да го спасат од ужасите на војната. Во текот на четири години, за детето се грижи необразованата и заостаната старица Марта, која еден ден умира, а тоа ненамерно ја пали куќата и бега од селото. Утредента, детето пристига во друго село, каде селаните го претепуваат, а потоа еден селанец го става во вреќа и го продава на една жена, врачарката Олга. Поради црната коса и црните очи, селаните го сметаат детето за Циганин и се непријателски настроени кон него. Кога селото го зафаќа чума, се разболува и детето, а Олга го закопува во земјата. Тогаш, него го напаѓа јато гаврани, но во последен миг го спасува Олга и набргу детето оздравува. Меѓутоа, еден ден, селаните го фрлаат во реката, која го носи далеку од селото. По краток престој во шумата, детето доаѓа во едно село и живее кај еден љубоморен воденичар. Еднаш, тој го кани на вечера орачот за кого се сомнева дека ѝ љубовник на жена му и го ослепува, а утредента, детето бега од куќата.Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 27-67. Глава 5-7. Потоа, детето заминува во друго село, каде живее со ловецот на птици, Лех кој е заљубен во Глупавата Лудмила, која живее во шумата. Кога неа ја нема подолго време, Лех оди да ја бара, а во меѓувреме, во неговата куќа доаѓа Лудмила коај се обидува да го натера детето да води љубов со неа. Тогаш, неа ја силуваат селските овчари, а нивните жени ја мачат Лудмила и најпосле ја убиваат. Тогаш, детето го напушта Лех и заминува кај еден дрводелец кој живее во село кое често го погаѓаат громови. Еден ден, молња предизвикува пожар во куќата на селанецот, а уплашеното дете бега во шумата, каде пронаоѓа напуштен бункер, полн со стаорци. Кога по грешка пак се враќа во истото село, дрводелецот сака да го убие, но детето успева да го измами и го носи кај бункерот, каде го турка внатре, а стаорците го јадат жив човекот. Детето повторно бега во друго село, каде живее кај едне ковач. Селото често го напаѓаат германската војска и две спротивставени партизански групи. Еден ден, партизаните го убиваат ковачот и го заробуваат детето, а селаните го предаваат на германската војска. Еден војник го носи детето на железничката пруга со наредба да го убие, но го пушта да побегне во шумата.Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 68-104. Глава 8-11. Зимата, детето живее во шумата, скитајќи околу селата крадејќи храна. Еден ден, во шумата наоѓа повреден коњ кого го враќа во блиското село, а неговиот сопственик го зема на работа кај себе. Меѓутоа, во една прилика, него го опколуваат селските деца со намера да го тепаат и тој повредува еден од напаѓачите. Кога селаните ја опколуваат плевната во која се крие, детето им фрла мина (која претходно ја пронашол во шумата), а потоа бега во шумата. По некое време, тоа наоѓа привремен дом во друго село чии жители, исто така, се непријателски настроени кон него. Покрај селото често минуваат возови кои носат Евреи и Роми во блискиот концентрационен логор, така што детето има прилика да ги гледа мртвите тела по железничката пруга. Кога германската војска бара еден Евреин кој се крие по селата, детето се крие во полето со жито, но војниците го фаќаат и го носат во градот. Таму, германскиот офицер го ослободува, а него го зема еден свештеник, кој го предава на чување кај вдовецот Гарбос. Тој постојано го тепа детето, го остава да виси врзан за една таванска греда и го плаши со крволочното куче. За време на еден верски празник, додека служи за време на мисата, на детето му паѓа молитвеникот и селаните го фрлаат во септичка јама. Тоа успева да се спаси, но како последица од стравот, останува нем. Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 105-177. Глава 12-14. Потоа, детето престојува кај селанецот Макар, кој живее заедно со синот и со ќерката Евка. Таа го принудува на полови односи, а во една прилика, Макар го претепува и му се заканува дека ќе го предаде на германската војска. Најпосле, откако е сведок на оргијата во која учествуваат Макар, Елка, нејзиниот брат и нивниот јарец, детето станува свесен за злото кај луѓето и бега од селото. По големо невреме успева да го помине замрзнатото мочуриште, но во близината на едно село го фаќа група деца, кои го соблекуваат и го фрлаат во студената вода. Речиси замрзнато, детето успева да се довлечка до шумата, каде ја губи свеста. Него го спасува Лабина, вдовица која работи како слугинка кај побогатите селани, а ноќе се забавува со мажите. Кога Лабина погинува во една тепачка со селаните, детето го напушта и тоа село.Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 178-209. Глава 15-17. Есента 1944 година, детето живее во едно село во кое, по повлекувањето на германската војска, влегува паравоена чета, извршувајќи големи злосторства. За тоа време, детето се крие, но го открива еден војник, кој му нанесува тешка повреда на градниот кош. За негова среќа, во тој миг, во селото влегува Црвената армија. По неколкунеделно закрепнување во воената болница, детето останува со Црвената армија, а за него се грижат политичкиот комесар Гаврила и поранешниот славен снајперист Митка. Гаврила го учи детето да чита и му држи поуки за работничката класа, за комунистичката партија, за Сталин, за непостоењето на Бога итн. КОга селаните убиваат неколку советски војници, Митка скришум оди во шумата, а со себе го поведува и детето. Оттаму, тој убива неколку селани, одмаздувајќи се за смртта на своите другари.Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 209-249. Глава 18-20. При крајот на војната, детето го носат во домот за децата без родители во блискиот голем град. И таму, тоа го трпи насилството од поголемите деца, а се дружи само со едно дете кое го викаат Молчеливиот. Еднаш, кога двајцата го посетуваат градскиот пазар, детето случајно му го истура млекото на еден продавач, кој поради тоа крвнички го претепува. По неколку дена, Молчеливиот предизвикува голема железничка несреќа во која погинуваат многу селани, но кога утредента двете другарчиња одат на пазарот, таму го здогледуваат насилниот селанец жив. Најпосле, еден ден, во домот се појавуваат родителите на детето, кои во меѓувреме посвоиле едно сираче. Навикнат на постојаната преселба од едно до друго место, детето не може да ги прифати своите родители и секоја ноќ бега од дома, дружејќи се со градските престапници: шверцери, проститутки, крадци итн., поради што една ноќ минува в затвор. По некое време, неговото семејство се сели во мало место во провинцијата, а него го испраќаат на планина, заедно со еден инструктор по скијање. Еден ден, за време на снежната бура, детето паѓа во провалија и се повредува. Кога се буди во болничката соба, тоа го слуша ѕвонењето на телефонот и кога се јавува, сфаќа дека му се вратил говорот.Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 249-277.

За делото Според сведоштвото на авторот, идејата да напише роман за страдањата во текот на Втората светска војна ја добил пролетта 1963 година, за време на престојот во Швајцарија, со намера да ги испита јазикот на бруталноста и контра-јазикот на болката и очајот при што одлучил да пишува на англиски јазик за да се ослободи од емотивните конотации на мајчиниот јазик. Откога започнал да пишува, посакал да создаде циклус од пет романи во кои би ги прикажал архетипските типови на односот меѓу поединецот и општеството, а првата книга требало да ги портретира човекот во најранливата состојба (детството) и општеството во најсуровиот облик (војната). За време на пишувањето бил инспириран од делото „Птици“ на Аристофан, а насловот на книгата потекнува од обичајот за фаќање и боење птици во неговиот роден. Првото издание на книгата содржело сиромашни податоци за авторот, а тој одбивал да дава интервјуа на таа тема. Во едно од првите странски изданија на книгата била објавена и преписката на авторот со издавачот, но потоа, тој постојано одбивал да даде дополнителни објаснувања на делото. Така, првото издание во мек повез не содржело никаков биографски податок за него. По појавата на книгата, некои источноевропски списанија започнале остра кампања против неа, тврдејќи дека таа била напишана по налог на американската влада, со политичка цел, односно како реакционерна пропаганда. Исто така, некои критичари ги напаѓале националните и географските координати во делото и наводното клеветење на селскиот живот. Во Полска се појавиле стотици статии против книгата, а на државната телевизија била прикажана серијата „По трагите на Обоената птица“ во која биле прикажувани разговори со луѓето кои наводно ги претставувале ликовите во книгата. Кога еден истакнат писател го пофалил романот, под притисокот на власта бил принуден да го промени ставот и набргу објавил спротивна рецензија, како и Отворено писмо до авторот, објавено во книжевното списание кое своевремено го уредувал Кошињски, а во кое му предвидел дека, како и другите предавници, животот ќе го заврши така што самиот ќе си го пресече гркланот во некој евтин хотел на Ривиерата. Истовремено, весниците го објавиле местото на живеење на неговата мајка, по што побеснетите жители се собрале околу нејзината куќа, а полицијата сето тоа пасивно го набљудувала. Дури подоцна, под притисок на бројни меѓународни организации, власта ја преселила мајката на авторот во друг град, која подоцна се преселила во Варшава. По нејзината смрт, власта не дозволила да се објават местото и времето на нејзиниот погреб, а во јавноста се појавиле негативни коментари за неа.„Potonji zapis“, во: Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 7-16.

Дури и во САД, романот бил остро нападнат од источноевропските доселеници, кои му испраќале заканувачки писма на авторот, а еднаш, во неговиот стан во Менхетн насилно влегле двајца мажи со челични стапови, со намера да го претепаат. Исто така, во повеќе наврати тој бил предмет на заплашувања и навреди од полските иселеници во САД. Една година по објавувањето на книгата, во Њујорк пристигнала една млада и позната полска поетеса која се спријателила со Кошињски, кој се грижел за неа по операцијата на срцето. По враќањето во татковината, полскиот сојуз на писателите ја принудил да напише расказ во кој го прикажува Кошињски како перверзен човек без морал, а неколку месеци подоцна таа умрела како последица од срцев удар.„Potonji zapis“, во: Ježi Kosinski, Obojena ptica. Mandarin, Beograd, 1999, стр. 16-19.