Вичентински Алпи (; , Вичентинер Алпен или Визентинер Воралпен) — планински масив дел од Источните Алпи во Трентино и покраините Верона и Виченца. Планините го добиле името по градот Виченца, кој се наоѓа на нивниот источен раб. Највисоката точка во масивот е Чима Додичи (2.336 метри надморска височина) на северниот периметар на Вичентинските Алпи.

Граници Класификацијата на Алпскиот клуб на Источните Алпи ги ограничува Вичентинските Алпи на следниов начин:Einteilung der Ostalpen nach Alpenvereinsjahrbuch 1984 Accessed on 8 April 2009 на запад, Адиџе ја означува границата на венецот од Верона до Тренто. Понатаму на исток, долината Мочени ја формира границата, проследена од долината Сугана (Брента) до Басано дел Грапа и Северноиталијанската рамнина, од каде што се стигнува до Верона.

Соседните планински венци се: на запад, планините Гарда; на север, Фиемските Алпи; и на исток, Доломитите.

Значајни врвови

Чима Додичи (2.336 м) Чима Портуле (2.310 м) Чима Карега (2.259 м) Чима Палон (2.232 м) Денте Италијано (2.220 м) Чима Поста (2.215 м) Чима дел Черлонг (2.210 м) Беко ди Филадона (2.150 м) Чима Моска (2.141 м) Монте Ортигара (2.105 м) Монте Форни Алти (2.027 м) Монте Верена (2.015 м) Монте Плише (1.991 м) Монте Зевола (1.976 м) Монте Корнето (1.899 м) Монте Пријафора (1.659 м) Монте Сумано (1.296 м)

Наводи

Категорија:Јужни Варовнички Алпи Категорија:Планински венци во Италија Категорија:Планински венци на Алпите Категорија:Координати на Википодатоците