мини|260x260пкс|Сателитска снимка од езерото ГардаГардски Планини (), повремено и Гардските Ридови — широк планински венец на Јужните варовнички Алпи во северна Италија.
Граници и село Гардските Планини се ограничени на југ со долината на реката По, а на север со Брента Доломитите, на исток со долината Адиџе и на запад со долината Џудикарие. Нивната прецизна граница, според класификацијата на Алпскиот клуб на Источните Алпи, е следнава: Езеро Изео–Кол ди Сан Зено–Вал Тромпија–Пасо ди Манивија – Баголино – Сторо–Тионе–Вецано–Тренто–Вал д'Адиџе/Ечтал–Верона–Бреша–Езеро Изео.
Нивниот највисок врв е Монте Кадрија, со 2.254 метри надморска височина..
Климата на Гардските Планини е многу блага како резултат на нивната јужна локација и влијанието на Средоземното Море. Снегот ретко паѓа во долината Сарча и на бреговите на езерото Гарда, а во пролет и есен, температурите се помеѓу 15 и 20 степени. Гардските Планини имаат многу малку ледници и скијачки центри. Алпинистичкиот центар на масивот е градот Арко. Во близина на Арко има безброј места за спортско качување.
Езерото Гарда и околните планини се популарна дестинација за водни спортисти, планински велосипедисти, планинари и алпинисти.
На западниот брег на езерото Гарда се наоѓа природниот парк Парко Алто Гарда Брешано.
Езера
Езеро Гарда (Лаго ди Гарда) Езеро ди Ледро Езеро Валвестино Езеро Сеј Езеро ди Тено Езеро пра де ла Стуа Езеро д'Ампола Езеро Каведин Езеро Тоблино
Долини мини|260x260пкс|Долината Сарча и стрмните падини на Вендрезите
Вале д'Ампола Вал Каведин Вал ди Сеј Вале ди Консеи Вале деи Лаги (Долина Сарка) Вал ди Ледро Вале Тосколано Вале ди Веста
Значајни врвови мини|400x400пкс|Поглед од Наго-Торболе гледано кон југ. На левиот брег се наоѓаат падините на Монте Алтисимо, а од десната страна масивот и Монте Тремалцо.
Монте Кадрија, 2.254 м Чима Валдрита, 2.218 м Пунта Телеграфо, 2.200 м Монте Бондоне, 2.180 м Монте Алтисимо ди Наго, 2.079 м Монте Каплоне, 1.976 м Монте Тремалцо, 1.974 м Монте Касале, 1.632 м Монте Пицоколо, 1.581 м
Литература
Kompass Karte (скала 1:50.000), Alpi di Ledro, Valli Giudicarie, Инсбрук, 2003 година, Eugen E. Hülser, Hülsers Klettersteigführer Gardasee, Брукман, Минхен,
Категорија:Верона (покраина) Категорија:Бреша (покраина) Категорија:Јужни Варовнички Алпи Категорија:Планински венци на Алпите Категорија:Координати на Википодатоците