Линаритот — прилично редок, кристален минерал кој е познат меѓу колекционерите на минерали по својата необично интензивна, чиста сина боја. Се формира со оксидација на галенит и халкопирит и други бакарни сулфиди. Тоа е комбиниран хидроксид од бакарен оловен сулфат со формула PbCuSO4(OH)2. Линаритот се јавува како моноклинични призматични до табеларни кристали и неправилни маси. Лесно се меша со азуритот, но не реагира со разредена хлороводородна киселина како азуритот. Има тврдина по Мосова скала од 2,5 и специфична тежина од 5,3 - 5,5.

Линаритот првпат е идентификуван во 1822 година. Именуван е по висорамнината Линарес, Шпанија. Се јавува во комбинација со брохантит, англезит, каледонит, леадхилит, церусит, малахит и хемиморфит.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Минерални галерии Категорија:Моноклински минерали Категорија:Сулфатни минерали Категорија:Минерали на оловото