Иго Диминил-Копен (), (, ) — француски математичар, добитник на Филдсовиот медал во 2022 година.

Животопис Роден јужно од Париз во Шатене-Малабри, Иго Диминил-Копен пораснал во Бир-сир-Ивет (Есон). Неговиот татко бил наставник по физичко воспитување, а бил и помошник-директор. Неговата мајка била танчерка, а потоа учителка во основно училиште..

Откако матурирал, завршил две години подготвителна настава по природни науки во лицејот Луј-ле-Гран во Париз. Своето образование го продолжил во Вишата нормална школа на улицата Улм и на Универзитетот Париз XI.

Во 2008 година, му се придружил на професорот Станислав Смирнов на Женевскиот универзитет, кој станал негов ментор за докторската теза. Тој во неа покажува дека константата на поврзување на шестаголната мрежа е . Тој, исто така, го спровел и своето постдокторско истражување заедно со него.

Потоа бил назначен за доцент, а потоа и за редовен професор на Женевскиот универзитет.

Од 2016 година па наваму, тој е и редовен професор на Институтот за напредни научни студии (во Бир-сир-Ивет, во рамките на кампусот Париз-Сакле).

Поле на работа Иго Диминил-Копен се посветува на проучување на криви образувани од границата помеѓу две фази од истиот систем, појави кои се случајни. Посебно, тој се осврнува на прашањето за „самоизбегнување на случајни патеки“, случајни патеки што не се сечат во мрежа.

Во 2022 година го добил Филдсовиот медал за неговата работа на модели на честички што дејствуваат интерактивно и главно за неговата работа на случајни појави во 3 и 4 димензии, особено на Изинговиот модел со цел да се конструира квантна теорија на полето применлива на честичките.

Со Мајкл Ајзенман, тој покажува дека „со започнување од целото семејство на Изингови модели во 4. димензија, може да се конструираат само таканаречени „тривијални“ теории на полето, односно оние што опишуваат честички без интеракција“ Тој проценува дека „Затоа, физичарите ќе треба да бараат посложени модели.“

Неговата работа на фазните транзиции е, сепак, само еден облик на примена на неговото главно истражување, кое се сосредоточува на перколациски модели, користејќи ја теоријата на графови.

Награди и одликувања Одликување Витез на Легијата на честа 2022

Награди и признанија 2022: Филдсов медал 2017: Награда Лоев 2017: Голема награда „Жак-Ербран“ на Академијата на науките 2017: Награда „Нови хоризонти во математиката“. 2016: Награда на Европското математичко друштво 2015: Награда за рана кариера од Меѓународното здружение за математичка физика 2015: Курс Пеко во Колеж де Франс 2013: Награда Оберволфах 2012: Награда Роло-Дејвидсон (со Венсан Бефара ) 2012: Награда Вашерон Константен.

Публикации

Наводи

Надворешни врски Hugo Duminil-Copin's papers on arxiv

Категорија:Носители на Филдсовиот медал Категорија:Апсолвенти на Високата нормална школа Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола Категорија:Категории на Ризницата со месна врска иста како на Википодатоците Категорија:Витез на Легијата на честа Категорија:Француски математичари Категорија:Професори на Женевскиот универзитет