мини|280x280пкс|Костумот на Бетмен од суперхеројскиот филм Темниот Витез (2008). Овој филм е признаен од многу изданија за најдобар суперхеројски филм во историјата. Суперхеројски филм — филмски жанр посветен на авантурите на суперхероите, односно херои што поседуваат натчовечки моќи (или соодветна технологија што ги заменува) и ги користат за борба против злото. Поголемиот дел од суперхеројските филмови се снимени според мотиви од суперхеројските стрипови.
Особености на жанрот Суперхеројскиот филм речиси секогаш припаѓа и на жанровите акција и научна фантастика. Дејството, по правило, се одвива во условно современиот свет, во кој способностите на суперхеројот се уникатни и го разликуваат од обичните луѓе. Првиот филм во серијалот за одреден суперхерој честопати ја раскажува неговата приказна за потеклото, покажувајќи како ги добил своите супермоќи и неговата прва битка со главниот суперзлобник.
Од сето наведено постојат и исклучоци. Така, на пример, постојат суперхеројски филмови што не се засновани на стрипови („Хенкок“, „Робокап“, „Неверојатните“ и др.), не се научнофантастични („Фајтер“, „Казнувачот“, „Супер“) или се без елементи на акција („Нескршлив“). Обично ваквите дела претставуваат деконструкција на жанрот или негова пародија.
Историја Суперхеројските филмови се снимаат главно во САД од крајот на 1930-тите. Отпрвин тие биле наменети за деца и младинци, но со текот на времето станувале сѐ позрели и посериозни. Од 2000-тите, Холивуд доживува бум на суперхеројската кинематографија, при што во овој жанр секоја година излегуваат по неколку филмови. Најголемите кинопроекти во суперхеројскиот жанр се Кинематографската вселена на Marvel, Проширената вселена на DC, филмскиот серијал „Икс-мен“, „Човек-пајак“, „Бетмен“ и „Супермен“.
Односот кон суперхеројските филмови како кон несериозна забава за младинци постепено се менува. Некои суперхеројски филмови добиле признание како уметност и престижни награди, не само за специјални ефекти. Така, Хит Леџер посмртно бил награден со „Оскар“ за улогата на злобникот Џокер во филмот „Темниот Витез“, а филмот „Логан“ добил номинација за „Оскар“ за најдобро сценарио. Заплетите и ликовите од суперхеројскиот свет послужиле дури и како основа за филмови што не припаѓаат право на овој жанр, како што е оскаровската крими-драма „Џокер“.На чём основан «Джокер»: похожие истории и источники вдохновения | Кино | Мир фантастики и фэнтези
Авторите на истражувањето презентирано во 2018 г. на конференцијата на Американската академија за педијатрија, соопштиле дека во суперхеројските филмови објавени во периодот 2015–2016 г., суперхероите вршат повеќе акти на насилство отколку злобниците: во просек, суперхероите вршат 23 акти на насилство на час, а злобниците — 18. Вообичаени акти на насилство за суперхероите се тепачки (1021 случај), употреба на смртоносно оружје (659), уништување имот (199), убиство (168), малтретирање, застрашување и мачење (144), додека за злобниците — употреба на смртоносно оружје (604 случаи), тепачки (599), малтретирање, застрашување и мачење (237), уништување имот (191) и убиство (93).
Наводи
Надворешни врски SuperheroMovies.net SuperheroHype.com
Категорија:Филмски жанрови