мини|300x300пкс|Висхер, К.Ј., Карта на светот. 1652., во Донкер, Хендрик, Морски атлас (издание 1659), од збирката карти на Националната библиотека на Австралија. мини|300x300пкс|Ферарисовата карта на Брисел, Белгија, помеѓу 1771 и 1778 година, од збирката карти на Кралската библиотека на Белгија. мини|366x366пкс|Бостон, Масачусетс во 1842 година, од збирката карти на библиотеката „Пери-Кастањеда“, на Универзитетот во Тексас кај Остин. мини|300x300пкс|Гарнје, Ф.А, Турција, Сирија, Либан, Кавказот. 1862., од збиркта на историски карти на Дејвид Рамзи. Збирка на карти или библиотека на карти ― физичко место за складирање на карти, обично во библиотека, архив или музеј, или кај издавач на карти или корпорација од јавен интерес, а картите и другите картографски предмети се чувани во тоа физичко место.
Понекогаш, збирките на карти се комбинирани со графички листови, ракописи и ретки печатени материјали во еден оддел. Во такви случаи, изразот „збирка на карти“ се однесува на целиот фонд на картографската збирка.
Историја Дури и во средновековните библиотеки, картите биле дел од инвентарите. Според научниците од ренесансата, картите биле собирани од 15 век, или на дворот или на поморските академии за подготовка за откритија. Со текот на времето, новите техники, како што е гравурата на бакар, ги намалиле трошоците за производство и помогнале во поширокото ширење на картите.
До 17 век, приватните збирки на карти честопати биле основа за јавните збирки на карти. На пример, уште во 1571 година, Дворската библиотека во Минхен, Баварија (сега Баварска државна библиотека) станала сопственик на Фугеровата збирка. Во 1823 година, Британскиот музеј во Лондон ја стекнал Кралската библиотека, која ја наследил и значително ја проширил Џорџ III од Обединетото Кралство, а му ја дарувал на Музејот неговиот наследник, Џорџ IV од Обединетото Кралство. Кралската библиотека вклучувала збирка од приближно 50.000 карти, планови и погледи, кои сега се сместени во Британската библиотека и се познати како Кралска топографска збирка.
Во развојот на јавните збирки на карти, географските друштва биле важни. Тие имале големо влијание врз воспоставувањето и политиката на собирање на ваквите збирки, или дури и ги чувале своите збирки во такви установи. На пример, во 1680 година, Винченцо Коронели ја основал Космографската академија на Аргонаутите (изворно: Accademia Cosmographicae degli Argonauti), која постоела до 1718 година. Во Нирнберг, Космографско друштво (изворно: Kosmographische Gesellschaft) било основано во 1740 година, додека организација со исто име започнала да постои во Виена во 1790 година. Географското друштво на Париз (изворно: Société de Géographie de Paris), основано во 1821 година, било првото современо географско друштво.
Особено во 19 век, многу збирки на карти биле или новоосновани или споени со постојните збирки на картографски материјали што ги поседувале библиотеките под одговорност на специјализирани библиотекари.
Видови збирки и развој
Во академските библиотеки, збирките на карти обично содржат залиха од стари карти и атласи. Честопати ваквите библиотеки стекнуваат и нови копии од разни службени серијали на топографски карти, поединечни тематски карти, национални атласи и тематски регионални атласи. Збирките на карти во академските библиотеки обично содржат и картографска книжевност. Националните библиотеки ги собираат сите карти што спаѓаат на нивната територија и ги доставуваат издавачките куќи на таа територија во согласност со важечките закони за законско поднесување. Општите и регионалните библиотеки, во зависност од нивната ориентација, собираат туристички карти и градски карти, понекогаш поврзани со туристички водичи. Издавачите на карти и агенциите за изработка на карти (на пример, Канцелариите за геодетски работи) ги архивираат своите сопствени карти. Овие збирки во некои случаи не се отворени за јавноста. Приватните збирки често се поставувани тематски или регионално, така што приватните собирачи на карти не ретко се развиваат во реномирани стручњаци и автори на библиографии на карти во нивната засебна област на збирка. Собирањето глобуси може да биде сметано за посебен вид збирка на карти.
Документација Новообјавените карти, како и книгите, се евидентираани во националните библиографии. Така, насловот, авторот(ите), печатното издание и ISBN-от на која било неодамна објавена карта се споменувани во службените записи. Дополнително, разни податоци специфични за картата, како што се размерот, проекцијата на картата, географските координати и форматот на картата, се вклучени во записите на таа карта.
Повеќето сопственици на академски собирачи на карти сега ги индексираат барем најважните делови од збирката во електронски каталози што можат да бидат видени семрежно.
Постарите збирки или приватните збирки често се опишуваат во библиофилските каталози. Во таквите каталози се прикажани барем претставителни делови од збирката. Библиофилските каталози даваат докази за фондот на збирката што може да биде користен во случај на кражба. Исто така, употребата на реткостите на збирката може значително да биде ограничена, бидејќи во многу случаи сликата и научниот опис на картата се доволни за потребната намена, и на тој начин изворната карта останува недопрена.
Архивските фондови честопати не се индексирани лист по лист, туку врз основа на тоа што листот може да биде најден во записите само со помош на помагало за наоѓање. Архивскиот кадар, честопати необучен за картографски прашања, може да биде претпазлив при опишувањето на незгоден, а во некои случаи наводно „странски“ вид на документ. Поради таа причина, значајните одлики како што се проекцијата и размерот на картата на поединечен лист честопати ќе бидат изоставени од индексот на збирката карти. Овие околности им отежнуваат на корисниците на ваквите индекси да пребаруваат одредена карта во архива, но сепак им дозволуваат на упорните истражувачи да направат некои „откритија“.
Поважни збирки на карти
Преглед Авторитетниот водич „Светски директориум на збирки на карти“ (англиски: World directory of map collections; 2000) наведува 714 збирки на карти во 121 земја. Со неколку исклучоци, највредните збирки на карти се чувани или во Европа или во Северна Америка. Исто така, постојат некои збирки на карти во Јужна Америка, Африка и Јужна Азија, но тие збирки се релативно ретки и со многу помала вредност.
Европа
Австрија Неоспорно најголемата збирка на карти во Австрија е Одделот за карти на Австриската национална библиотека во Виена. Има околу 275.000 карти, 240.000 географско-топографски прегледи, 570 глобуси, 80 релјефи и модели на тврдини и околу 75.000 тома техничка книжевност и атласи.
Исто така, оддел на Австриската национална библиотека е единствениот јавен Музеј на глобусот во светот, во дворецот Молард, Виена.
Белгија Кралската библиотека на Белгија во Брисел има збирка од над 200.000 карти, атласи, картографски книги и глобуси. Повеќето од овие предмети се однесуваат или на Белгија или на нејзината поранешна колонија Белгиско Конго, односно тоа што е денес Демократска Република Конго.
Франција Одделот за карти и планови на Националната библиотека на Франција во Париз е рангирана меѓу трите најдобри светски збирки на картографски материјали. Содржи залихи од атласи, карти, серијали на карти, глобуси, географски игри, градски мапи, градежни планови и релјефни карти.
Германија Најголемите збирки на карти во Германија се оние на Берлинската државна библиотека, Баварската државна библиотека во Минхен и Државната и универзитетска библиотека во Гетинген.
Моментално не е јавно достапна збирката на издавачот Јустус Пертес во Гота, која е во сопственост на покраината Тирингија и моментално се наоѓа на Универзитетот во Ерфурт.
Шпанија Националната библиотека на Шпанија во Мадрид има збирка од над 500.000 карти.
Швајцарија Во Швајцарија, постојат големи збирки на карти во неколку библиотеки. Збирката на карти во библиотеката на Сојузниот технолошки институт Цирих е најголема и е специјализирана за тематски карти. Збирката на карти на Централната библиотека Цирих во голема мера ги опфаќа различните службени серијали на топографски карти и национални атласи.
Во Берн се наоѓа Рихинеровата збирка, поранешна приватна збирка на Јохан Фридрих фон Рихинер, со насоченост на 17-ти и 18-ти век.
Обединето Кралство Главните збирки на карти се чувани во Британската библиотека во Лондон, Националната библиотека на Шкотска (достапна бесплатно семрежно), Националната библиотека на Велс и Бодлеевата библиотека на Универзитетот во Оксфорд.
Северна Америка
Канада Установата Библиотека и архиви Канада во Отава имаат збирка од околу два милиони картографски предмети.
Соединети Држави Најголемата збирка на карти во светот е чувана од Конгресната библиотека во Вашингтон. Таа вклучува околу 5,2 милиони карти.
Центарот за карти „Дејвид Рамзи“, Библиотеки на Универзитетот Стенфорд е водечката картографска збирка на западниот брег на Соединетите Држави, која содржи над 150.000 карти.
Ошеровата библиотеката за карти, која се наоѓа на кампусот Портланд на Универзитетот во Јужен Мејн, има голема збирка на карти, атласи и глобуси.
Океанија
Австралија Збирката на карти на Националната библиотека на Австралија во Канбера вклучува над 600.000 карти и 2.500 атласи.
Предизвици што претстојат Како и со книгите во библиотеките, збирките на карти сега ставаат поголема тежина на создавањето дигитални документи. Тие вклучуваат карти и атласи на CD-ROM и DVD, а во некои случаи и обезбедување геоподатоци. Ваквите нови облици на објавување им создаваат големи проблеми на збирките на карти, бидејќи не треба да биде чуван само „обичен“ текст и некои вградени слики, туку и многу големи количини на податоци, до неколку гигабајти, кои на крајот може да бидат потребни за работа на засебни географски информациски системи.
Исто така, долгорочното складирање на картографски податоци е нерешено прашање кое е особено важно за архивите.
Дигитализацијата на аналогните карти, исто така, нуди можност за директно поврзување на библиотечните каталози со сликите (или барем со таканаречените минијатури). Исто така, дигитално обработените индекси на листови до поединечни листови од серијали на карти овозможуваат поцелно истражување од сопственото работно место.
Наводи
Фусноти
Дополнителни извори
Надворешни врски
Врски со коментар, тематски наредени Викиуниверзитет:Kartensammlung [Збирка на карти]
Категорија:Архивистика Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:CS1: долга вредност за volume Категорија:Збирки на географски карти Категорија:Библиотечни ресурси