Dianthus diffusus — вид каранфил опишан од Џејмс Едвард Смит. Dianthus diffusus е во родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.

Опис и распространетост Многугодишно растение, достигнува висина до 30 см, со силно разгранети цветни стебленца. Стеблото е вертикално, круглесто, со густи, куси, расперени четинести влакненца. Листовите на стерилните гранчиња, што се појавуваат за време на цветењето, се густи, линејно копјести, на врвот постепено зашилени, голи, со 3 добро развиени спроводни жили, по рабовите има ретки и кратки четинести влакненца, поради што се рапави; по стеблото најчесто има 6 пара листови, поретко повеќе, линејни, покуси од интернодиумите. Цветовите се со издолжени дршки, поединечни или во пар, но секогаш секој цвет има своја долга дршка. Има две чашкини лушпи, широко обратно јајцевидни, светлозеленикави, без влакна, со широк мембранозен раб; нивната должина е околу една третина од чашката, односно 6 мм; на крајот нагло преминуваат во краток, шилест зелен дел долг 1,5–2 мм. Чашката е речиси цилиндрична, малку проширена во долниот дел, зеленикава или црвенкаста, долга 14–20 mm и широка 2,5–3 mm, без влакна; запците на чашката се околу 3 mm долги, во основата широки 1 mm, со форма на широк триаголник, со тесен ципест раб, на врвот постепено заострени.

Расте на варовнички камењари и тревни површини, на височини од 1000 до 1500 м. Се смета за ретко растение.

Забележано е единствено на локалитетите „Стража“ меѓу Гостивар и Кичево, во Маврово – Кожа и селото Врбен, како и во Скопска Црна Гора.

Галерија

Наводи

Категорија:Каранфил

Категорија:Флора на Македонија