мини|Плочата со името на Кинотеката. Бугарска национална кинотека () ― установа основана за стекнување, реставрирање, зачувување и складирање на филмски и архивски артефакти поврзани со филмот од националната и меѓународната култура.
Историја Бидејќи годината на снимање на првиот бугарски игран филм „Блгаран е галантен“ е спорна, точниот датум на основање на Филмскиот архив варира и во сеќавањата на луѓето што работеле таму. Сепак, тој се совпаѓа со периодот кога биле основани првите национални кинотеки. На пример, наведувано е дека првите филмски архиви биле основани во текот на 1935 година во Лондон и Њујорк, а потоа и во Франција во 1936 година.
Кога комунистичкиот режим ја презел власта во земјата, бугарското филмско производство било национализирано. Потоа, во 1948 година бил основан Националниот филмски музеј. Неговите почетоци повторно ги постави пионерот на бугарското кино Васил Гендов. Тој ги собрал филмските копии од дистрибутивната мрежа, како и од национализираните дистрибутери, а исто така пронашол и реставрирал плакати, фотографии и материјали за историјата на нашето кино. Збирката започнала со 154 кино-снимки, 117 кратки филмови, повеќето од нив снимени од странски сниматели, 15 бугарски играни филмови, 500 странски играни филмови и околу 550 бугарски документарци и популарни научни филмови.
Првите службени документи го прикажуваат основањето на кинотеката во 1952 година како дел од национализираната бугарска кинематографија. Општиот оддел на архивите во Бугарија методично ја водел работата на кинотеката во тие години.
Од 1959 година, установата станала член на Меѓународниот сојуз на кинотеки.
Во 1994 година, по падот на комунизмот, Министерскиот совет го утврдил статусот на Бугарската национална кинотека како културна установа од национално значење. Таа е правно лице финансирано од владата, под покровителство на Министерството за култура.
Опис Седиштето на Бугарската национална кинотека е сместено во стара куќа во стилот ар деко, која се наоѓа во средиштето на Софија. Самата архива моментално е чувана во три града: Софија, Стара Загора и Белоградчик. Главното седиште каде што е чувана филмската збирка се наоѓа во Филмскиот центар „Бојана“, во предградието Бојана во Софија.
Установата е организирана во неколку оддели: Дирекција; Административен оддел; Филмска збирка; Информации, репертоар и програмирање; и кино сала „Одеон“.BFA structure
Кино „Одеон“ десно|мини|330x330пкс|Киното „Одеон“ во Софија, 2010 година. Бидејќи е вообичаено за кинотеките да имаат во својата структура на мали кина кои прикажуваат особено класични и уметнички филмови, кинотеката има и кино сала. Таа се вика „Одеон“ и се наоѓа во средиштето на Софија, недалеку од седиштето.
Првично, киното било отворено во 1961 година во салата на Клубот за уметност и култура на улица „Раковски“, број 108. По извесна пауза, Кинотеката ја изнајмувала салата на киното „Влајкова“ во 1969 година со намера да ја претвори во посебно кинотечно кино. Наскоро, проекциите во оваа сала биле прекинати, само за да продолжат во новоотвореното кино „Витоша“. Една година подоцна, Кинотеката добила своја сала наречена кино „Дружба“. Во 1991 година, по падот на комунистичкиот режим, било преименувано во „Кинотечно кино „Одеон“. Како посебно кино, својата програма ја организира во циклуси, организира посебни недели, ревии на странски филмови, прослави на месни и меѓународни уметници.
Салата е сместена на приземјето во седумкатна аголна зграда. Сместена е покрај едно од знаменитостите на Софија - плоштадот „Патријарх Евтимиј“ со споменикот на бугарскиот партијарх Евтимиј Трновски..Местото е исто така популарно место за средби на жителите на градот.
Збирка Бугарската кинотека го поседува националниот филмски архив, кој согласно од 2025 година се состоел од 15.000 наслови, со повеќе од 40.000 примероци или 300.000 филмски ролни.
Согласно 2025 година, има 9,528 бугарски филмови, од кои:
5.844 документарни филмови и популарни научни филмови 2.364 кино-снимки 700 долгометражни филмови 620 анимации, вести, хроники и периодични изданија
Странската збирка вклучува 4.348 предмети од 54 земји:
3.589 долгометражни филмови 625 документарни филмови 134 анимации
Збирката била проширена и збогатена главно со филмови направени од студија низ целата земја, меѓународна размена или дарувања. Архивата, исто така, содржи повеќе од 3000 видеокасети.
Бугарската кинотека поседува голема сродна нефилмска збирка, која се состои од:
10.000 тома книги и списанија 27.000 уникатни плакати 118.000 фотографии 15.600 списоци со дијалози повеќе од 600 записи од бугарски играни филмови
Наводи
Наводи
Категорија:Архиви во Бугарија Категорија:Ар деко архитектура Категорија:Бугарска култура Категорија:Згради и градби во Софија Категорија:Членки на Меѓународниот сојуз на кинотеки Категорија:Филмски организации во Бугарија Категорија:Кинотеки во Европа