Dianthus gracilis — вид каранфил. Dianthus gracilis е дел од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae.
Опис и распространетост Многугодишно растение со скоро грмушеста форма, високо до 40 см, во основата силно разгрането, поради што се формираат многубројни цветни гранчиња кои се обично неразгранети. Базалните листови се околу 1 мм широки и за време на цветењето често отпаднуваат. Стеблените листови се голи, линејни, на врвот заострени, широки 1,5–3 мм, плоснати и по работ рапави. Лисниот ракавец е околу трипати подолг отколку широк. Цветовите најчесто се поединечни, поретко по два или три заедно. Чашкините лушпи се 4–6, долги од една четвртина до врвот на чашката, обратно јајцевидни, кожести, белузлави, нагло стеснети во зелен осил кој е помал, рамен или подолг од лушпата. Чашката е долга 15–20 мм. Ламината на венчето е долга 5–8 мм, во основата влакнеста, назабена, од горната страна розова или црвена, а од долната обично жолтеникава.
Најчесто расте по камењари, ендеци и меѓи во појасот на дабовите шуми до 1000 м надморска височина.
Варијабилност Видот е поделен на следниве подвидови:
D. g. armerioides — Чашкините лушпи се протегаат до самиот врв на чашката. Доста често растение во околината на Скопје - Водно, с. Ракотинци и с. Катланово; Штип; Кочани; Пробиштип - с. Лезово; Таорска Клисура и клисурата Демир Капија. D. g. drenowskianus D. g. friwaldskyanus — Осилот на чашкините лушпи е покус од половината на најширокиот дел на лушпата. Не многу често растение. Познато за Кавадарци - Тиквешко Езеро; Битола - с. Скочивир. D. g. gracilis — Осилот на чашкините лушпи е подолг од половината на најширокиот дел на лушпата. Чашкините лушпи достигнуваат до половината на чашката. Доста често растение во Скопје - Водно и Жеденска Клисура: Куманово - с. Лопае; Таорска Клисура; Штип - Кумлак и Исар (Миладинова); Плачковица; Кочани - с. Истибања; Градско - с. Уланци; Тетово - с. Рогачево; Бабуна - Мукос; Прилеп - манастирот Трескавец; Мариово - мостот Расим-беј; Кавадарци - Љубаш.
Галерија
Наводи World Plants: Synonymic Checklists of the Vascular Plants of the World
Надворешни врски
Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија