Saponaria glutinosa — вид на растение опишано од Фридрих Август Маршал фон Биберштајн. Saponaria glutinosa е член на родот Сапунче и семејството Каранфили.
Опис и живеалиште Едногодишно или двегодишно растение, целосно или делумно жлездесто влакнесто. Стеблото вертикално, 25-50 см во висина, во горниот дел разгрането. Листовите се голи или жлездесто влакнести, со три жили. Чашката е долга 20-25 мм, тесно цилиндрична, со пет бели линејни полиња, зелена или црвеникава, со жлездести влакна. Венечните ливчиња црвени до пурпурни, прашниците голи, плодникот со две столпчиња. Плодот е цилиндрична кутијка, семките до 2 мм во должина.Кирил Мицевски: Флора на Република Македонија, МАНУ, Скопје, 1993 г., том 1, свеска 2, стр. 351
Расте по варовнички карпи и камењари, тревести места и грмушки, на надморска височина до 1400 метри.
Во Македонија позната за Скопска Црна Гора, Гостивар, Македонски Брод, покрај реката Треска, Демир Хисар, Галичица, Стење, Коњско, Кожуф, потоа Демир Капија, Гевгелија, Валандово, околината на Струмица, Охрид, Струга, Жеденска Клисура, Катлановска Бања и Водно.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа