Фредегариевата хроника (латински Chronicae Fredegarii) е една од најважните историски извори за раното средновековие во Западна Европа, особено за Франкското кралство во меровингскиот период. Таа е компилација од 7. век, најверојатно составена во Бургундија (дел од денешна Франција).
Авторство и датирање Авторот е непознат — во ниту еден од зачуваните ракописи не се споменува име. Името „Фредегар“ (Fredegar) се појавува дури во 16 век и веројатно е подоцнежно припишување. Современите историчари често зборуваат за „псевдо-Фредегар“ или анонимен компилатор од Бургундија.
Хрониката е составена околу 660 година, бидејќи завршува со настани од 642 година, но содржи навестувања за подоцнежни години (до околу 658–660 г., вклучително и сончево затемнување во 660 г.). Некои научници сметаат дека може да е дело на еден автор, други — на повеќе луѓе или на компилатор кој собрал и уредил материјали. Веројатно авторот бил световен човек (лаик) со пристап до кралски или црковни архиви, а не монах.
Наводи
Извори
. . . .
. . Reprinted in . . . . . . . . Reprinted in: .
Категорија:Франкија Категорија:Историографија