Горска незаборавка (, syn. Myosotis strigulosa) — растителен вид од родот Myosotis. Тие се автохтони во поголемиот дел од континентална Европа.
Опис Горската незаборавка е двегодишно, поретко повеќегодишно тревесто растение, високо од 15 до 50 см, обично без столони. Стеблото ѝ e вертикално, неразгрането или поретко во горниот дел разгрането, во базалниот дел речиси голо или со надолу свртени или стрчести влакненца, во горниот дел со прилегнати влакна. Базалните листови се издолжено-елиптични или копјести, долги 15 до 50 мм долги, широки 4 до 12 мм, во основата стеснети во дршка, од долната страна влакнести, со полуприлегнати четинести влакна насочени кон основата на листовите, додека влакната од горната страна се прилегнати и насочени кон врвот на листовите. Стеблените листови се копјести до издолжено тесно елиптични, долги 12 до 65 мм, широки 3–12 (15) мм, со слична влакнавост како и базалните листови, освен влакната на долната страна од горните листови кои се завртени нагоре. Цветовите собрани во врвни и странични растресити соцветија кои при образувањето на плодот се издолжуваат. Цветните дршки се долги 1 до 3 мм, при образување на плодот се издолжуваат (6–8 мм), стрчести или малку лачно свиткани наназад, погорните косо поставени и насочени нагоре во однос на оската на соцветието. Чашката е широко yвончевидна, долга 2 до 3 мм, при образување на плодот се издолжува (4–5 мм), плитко всечена до 1/3 на 5 триаголни запци, со прилегнати четинести влакна. Проширениот дел од венчето рамен, со пречник од 5 до 6 мм, венчето е светлосино. Оревчињата се тесно јајцевидни долги 1,4 до 1,6 мм, широки 0,8 до 1,0 мм, на врвот благо заострени, со јасно забележлив страничен црн раб.
Живеалиште На влажни места, покрај реки, влажни ливади, во букови шуми, на надморска височина од 900 до 1500 м.
Распространетост Европа: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Северна Европа Данска, Финска, Велика Британија, Ирска, Норвешка, Шведска Средна Европа Австрија, Белгија, Чешка, Словачка, Германија, Унгарија, Холандија, Полска, Швајцарија. Југозападна Европа Франција, Сардинија Југоисточна Европа Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија, Албанија, Грција, Италија, Романија, Сицилија. Источна Европа Белорусија, Литванија, Крим, Средноевропска Русија, Јужноевропска Русија, Украина. Азија: Сибир Западен Сибир Средна Азија Киргистан
Македонија Познат за Маврово – с. Маврово, Маврови Анови, с. Врбен, Мавровско Поле; Бистра – с. Галичник; Јабланица – с. Горна Белица, „Крстец“; Пехчево – Буковиќ.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Незаборавка Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа