десно|мини|Холскиот сафир и дијамантски ѓердан, Национален музеј за природна историја, ВашингтонХолскиот сафир и дијамантски ѓердан има 36 сафири со иста големина кои потекнуваат од Шри Ланка, со вкупна тежина од 195 карати. Овие сафири се опкружени со 435 брилијантно исечени дијаманти, со вкупна тежина од 83,75 карати. Сафирите се исечени во форма на перниче, некои од дијамантите се во облик на круша, а другите се округли. Поставени се во платина.

Дизајниран бил од Хари Винстон, Инк. Моментално е изложен во Националниот музеј за природна историја, дел од институцијата Смитсонијан, во Вашингтон, заедно со Сафирниот ѓердан на Бизмарк и Логановиот сафир. Бил дониран на Смитсонијан од г-ѓа Евелин Аненберг Хол (околу 1912 - 21 април 2005 година) во 1979 година. Таа била сестра на Валтер Аненберг, издавач, бизнисмен и филантроп.

Поврзано

Јого сафир

Наводи

Надворешни врски

Донација на SI (има фактички грешки)

Категорија:Познати сафири Категорија:Ѓердани