десно|мини|300x300пкс|Огревно дрво. десно|мини|400x400пкс|Модерен отворен камин. десно|мини|300x300пкс|Железната печка на дрва некогаш се користела и за готвење. Огревно дрво — дрво (трупец и гранки) наменето за загревање на простории. Се сече во зима и лето од стебла, делови од дрвја или парчиња кои не се технички употребливи (за целулоза, хартија). Се дели на:

тврдо обло дрво од листопадни дрвја (буково дрво, габерово дрво, јасеново дрво, брестово дрво, дабово дрво, јаворово дрво, костеново дрво, дрво од овошни дрвја), меко обло дрво од листопадни дрвја (бреза, топола, врба, евла, липа) и меко дрво од зимзелени дрвја (бор, смрека и ела).

Калориска вредност Калориска вредност или топлинска вредност е топлината што се ослободува кога горивото согорува со кислород под стандардни услови. Хемиската реакција обично е помеѓу јаглеводороди и кислород, а како резултат на тоа добиваме јаглерод диоксид, вода и топлина. Единици може да бидат: J/mol, J/kg, J/m3 . Калориската вредност се мери со калориметар. +Бруто калориска вредност на некои горива Гориво kJ/ g kcal / g BTU/фунта Водород 141,9 33,9 61.000 Бензин 47,0 11,3 20.000 Дизел 45,0 10,7 19 300 Етанол 29,7 7,1 12 000 Пропан 49,9 11,9 21 000 Бутан 49,2 11,8 21 200 Огревно дрво 15,0 3,6 6 000 Јаглен (лигнит) 15,0 4,4 8 000 Јаглен (антрацит) 27,0 7,8 14 000 Природен гас 54,0 13,0 23 000

Печки на дрва

Камини Камините се најстарите печки за греење со отворено огниште . Греењето на просторијата се случува главно со зрачна топлина. Степенот на искористување на ова греење е само 10 до 15%, бидејќи поголемиот дел од топлината бега со чадот преку оџакот. Греењето со камин постигнува добра вентилација, но недоволно загревање на просторијата. Камините ретко се користат денес, и тоа само како дополнително греење, а понекогаш и како украс.

Печки со голема акумулација на топлина или калиеви печки Калиеви печки се градат од специјални керамички плочки и огноотпорни тули (или плочи) во облици кои се приспособени на различни услови и барања. Одлика на овие печки е тоа што створањето и ослободувањето на топлина се временски поместени. Еднаш или двапати дневно, ложиштето се полни со гориво кое ќе изгори за релативно кратко време. Ослободената топлина од согорувањето ќе се апсорбира (акумулира) во ѕидовите на печката. Со зголемувањето на температурата на површината на печката, топлината почнува постепено да се ослободува во воздухот во просторијата. Времетраењето на ослободувањето на топлината зависи од дебелината на акумулационата маса и големината на надворешната површина на печката. Поради големата маса вклучена во размената на топлина, не е можно брзо загревање на просторијата со овие печки, ниту се погодни за брза регулација на ослободувањето на топлината.

Печки со мала акумулација на топлина Железна печка е печка со обвивка од леано железо или челик која е обложена од внатрешната страна со шамотна глина за да се заштити од прегревање. Регулирањето на емисијата на топлина во железните печки се постигнува со регулирање на доводот на воздух до ложиштето, што го забрзува или забавува согорувањето на горивото. Железните печки се погодни и за краткорочно и за долгорочно работење . Железните печки постојано се подобруваат. Нови напори се насочени кон максимизирање на искористувањето на топлината на димните гасови, со користење на различни методи на нивно спроведување.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Дрво Категорија:Обновливи извори на енергија Категорија:Горива