Арабатска тврдина — тврдина изградена во 17 век од страна на отоманската војска. Се наоѓа на најјужниот дел од Арабатскиот Провлак.Arabat Foretress (на руски) Нејзината намена била да го чува провлакот и Крим од освојувања.Semenov, p.111 Била во употреба, со прекини, сè до Кримската војна од 1853–1856 година.

Име Името на Арабатската тврдина потекнува или од арапскиот збор „рабат“, што значи „воен пункт“, или од туркискиот „арабат“ што значи „предградие“,Arabat Foretress (на руски) и е потеклото на името на Арабатскиот Провлак.Shutov, Introduction

Историја

Заднина: класична антика Постојат информации за утврдување кое се наоѓало на ова место за време на Босфорското Кралство (кралството постоело помеѓу 5 век пr. н. е. и 4 век н. е.). Shutov, Part 1

Отоманска тврдина Турското освојување на Крим во 1475 година го означила крајот на џеновските колонии таму, што довело до уништување на џеновските тврдини на полуостровот.Shutov, Part 1 Турците изградиле или обновиле тврдини во сите стратешки важни точки на полуостровот, а нивни главни тврдини биле Ор Капи кај Перекоп, Арабат, Јени-Кале на Керчкиот Проток, Ѓозлеве и Кефе.

Тврдината веројатно била изградена во втората половина на 17 век од страна на турската војска и за првпат била прикажана на карта што ја составил Јакоб фон Сандрарт во 1651 година. Оваа карта била заснована на материјал собран од францускиот воен инженер и картограф, Гијом Ле Васер де Боплан, автор на книгата „Опис на Украина“ од 1651 година.

Тврдината имала релативно напреден воен дизајн, била осмоаголна по облик со камени ѕидови дебели 3 метри и била опкружена со земјен ѕид и ров. Имала пет кули и две порти. Неколку реда амбразури (отвори) биле свртени кон исток, север и запад и биле направени за различни видови артилериско оружје. Иако тврдината била тешка за освојување кога била правилно бранета, нејзината оддалечена местоположба од Турција значела дека нејзиниот гарнизон честопати имал недоволно персонал, што им дозволувало на руските трупи да ја заобиколат во 1737 година и со напад да ја освојат во 1771 година.Shutov, Part 1 Пред тоа, била ограбена од Запорошките Козаци во 1667 година.

Руско Царство Откако Крим станал дел од Русија во 1783 година, тврдината била напуштена, но подоцна била обновена и користена од Русите за време на Кримската војна од 1853–1856 година за одбрана на кримскиот брег. По војната, тврдината повторно била напуштена, а нејзините ѕидови биле користени од луѓето од блиското мало село Арабат како извор на камен.

Советски Сојуз Арабатскиот Провлак повторно бил сведок на жестоки борби меѓу советската Црвена армија и Белата армија во 1920 година, како и со Германската армија за време на Втората светска војна во раздобјето од 1941 до 1944 година.Shutov, Part 1

Во 1968 година, таму биле снимени некои сцени од познатиот советски филм „Двајца воени другари“.

Галерија

Наводи

Категорија:Згради и градби во Крим Категорија:Тврдини во Украина Категорија:Утврдувања