Демирташ (, Сидиропетра; до 1926 г. Δεμίρ Τας, Демир Тас) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба Селото се наоѓа источно од селото Бук, непосредно до државниот пат ЕО14 (Драма–Скеча), над левата страна на Места, во југоисточните падини на Западните Родопи, на надморска височина од 150 м.
Историја
Во XIX век Демирташ било турско село во Скечанската Каза на Ѓумурџинскиот Санџак.
Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 183 жители, а во 1920 г. е испуштено од евиденција.
Селото е обновено е во 1923 г. кога се населени 34 бегалски семејства (вкупно 154 бегалци), така што станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Сидиропетра (Σιδηρόπετρα) со значење „железен камен“, што е буквален превод на турското име.
Население
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина)