мини|Мари Калкун во 2017 година (фотографија од Руду Рахумару)

Мари Калкун (родена на 1 април 1986 година) — естонска пејачка и музичарка која е специјализирана за современа народна музика. Таа настапува во својата земја и во странство со ансамблот Рунорум, со кој објавила повеќе албуми почнувајќи од 2007 година. Во 2013 година, таа била избрана за најдобра пејачка на Естонските награди за етно музика. Нејзиниот широко признат албум „Илмамотсан“ од 2018 година се состои од песни инспирирани од естонската традиционална народна музика, особено од селата на родниот град на Калкун, Виру, во југоисточна Естонија.

Биографија Родена на 1 април 1986 година, Мари Калкун израснала во округот Виру во југоисточна Естонија, каде што уште од детството била инспирирана од околните шуми, птици и мочуришта. Нејзин братучед е музичарот и фолкорист Андреас Калкун, со кого исто така соработувала.

Прво студирала културен менаџмент на Академијата за култура Вилјанди, а потоа и музички студии на Естонската академија за музика и театар. Таа била студентка на размена на Академијата Сибелиус во Хелсинки, Финска, каде што магистрирала по традиционално пеење. Таа развила свој специфичен стил преку комбинација на народната музика со џез.

Калкун освен што пее, исто така и компонира музика и свири на неколку инструменти, вклучувајќи естонска цитра, пијано, хармоника и гитара. Својот прв соло албум Üü tulõk („Пристигнување на ноќта") бил издаден во 2007 година. Благодарение на неговиот успех, таа била поканета на концерти во Франција, Велика Британија, Финска и Русија. Во 2009 година, таа настапила во Јапонија заедно со естонскиот уметник Пастакас, по што бил објавен нејзиниот албум во Јапонија.

Меѓу подоцнежните албуми се: Dear Rain (2010), Tii ilo (2015) заедно со нејзиниот фински бенд, Runorun и Upa-upa ubinakõnõ (2015) на нејзиниот мајчин јазик виру. „Илмамотсан“ бил објавен во ноември 2017 година. Се состои од 12 песни на естонски и виро јазик, од кои повеќето биле инспирирани од локални поети.

Наводи

Надворешни врски Mari Kalkun's website

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1986 година