Шукар Колектив (од ромскиот збор Шукар или Шучар, што значи „убаво“) е романска музичка група која спојува традиционална ромска и електронска музика. Особено е позната по употреба на традиционални ритми што ги користи ромското малцинство од областа Урсари со современо електронско семплирање. Тие генерално мешаат различни звуци произведени со удирање лажици или други домашни предмети со оние на аналогните синтисајзери.
Групата доживеаla голем успех поради Паул Таникуи, романски филмски режисер кој ги открил Урсари музичарите Таманго, Наполеон и Класик, кои подоцна ќе ги именува „Шукар“. Кратко време потоа, романските музичари Дј Василе, Дан Хандрабур (познат како Дримдоктор), Кристи Станчиу (познат како Маце) и Влаицу Голчеа ги издадоа композициите од првиот албум на Шукар Колектив, „Тавес Бахтало!“/ „Урбан Циган“.
Неодамна, тие соработувале со романскиот мултимедијален уметник Мирчеа Флоријан.
Во 2010 година, групата била тема на документарец на HBO.
Шукар Колектив учествувале на фестивалот Брајтон Фринг на 2 мај 2010 година, еден ден по нивниот концерт во населбата Брикстон, Лондон, каде што електро-поп клубовите се секогаш полни. Оваа мини-турнеја била реализирана со помош и поддршка на Романскиот културен институт од Лондон.
Наводи
Надворешни врски
Официјален профил на MySpace Романскиот културен институт Балкан Брас Ворлд БАЛКАНСКИ РИТМИ И БРАС АЛТЕРНАТИВНА ПАРТИЈА БЕРЛИН 23 април 2021 година