Опсадата на Дубровник или Одбрана на Дубровник (хрв: Opsada Dubrovnika ili Obrana Dubrovnika) била воен судир помеѓу Југословенската народна армија (ЈНА) и хрватските сили кои го бранеле градот Дубровник и неговата околина за време на Хрватската војна за независност, од 1 септември 1991 година па се до крајот на војната во Хрватска.
Целата операција се одвивала на подрачјето на поранешна општина Дубровник, од граничните премини Дебели Бријег и Превлака на исток до Неум и градот Замаслина во Пељешац на запад, Чепикуќа на северозапад, Осојник во внатрешноста на Дубровник и граничниот премин во Горњи Бргат на север од општината, а овие операции вклучувале одбрана од српско-црногорската агресија на крајниот југ од Хрватска, одбрана на Дубровник за време на опсадата на самиот град, расчистување на внатрешноста на Дубровник и отстранување на непријателските трупи и артилерија од домет за гаѓање врз цивилни цели во Дубровник и неговата околина.
Нападот врз овој дел од Хрватска бил извршен од комбинирани сили на ЈНА, ЈРМ и ЈРЗ, потпомогнати од припадници на Територијалната одбрана на Црна Гора, Источна Херцеговина и четничките доброволни единици.
Напредокот на ЈНА започнал на 1 октомври 1991 година, а до крајот на октомври ја освоила практично целата земја помеѓу полуострововите Пељешац и Превлака на брегот на Јадранското Море, со исклучок на самиот Дубровник, а опсадата била придружена со блокада од страна на Југословенската морнарица.
Бомбардирањето на Дубровник од страна на ЈНА, вклучително и на Стариот град - место на светското наследство на УНЕСКО - кулминирало на 6 декември 1991 година и предизвикало остра меѓународна осуда и претставувала огромна катастрофа во односите со јавноста за Србија и Црна Гора, придонесувајќи за нивната дипломатска и економска изолација, како и за меѓународното признавање на независноста на Хрватска.
Во мај 1992 година, ЈНА се повлекла во Босна и Херцеговина, на помалку од 1км од брегот на некои места, и ја предала својата опрема на новоформираната Армија на Република Српска (ВРС), а во овој период, Хрватската армија (ХА) нападнала од запад и ги потисна ЈНА/ВРС од областите источно од Дубровник, како во Хрватска, така и во Босна и Херцеговина, а до крајот на мај се поврзала со единицата на ХА што го бранела градот, додека борбите меѓу ХА и југословенските трупи источно од Дубровник постепено стивнале.
Опсадата резултирала со смрт на 194 хрватски воени лица, како и 82-88 хрватски цивили, додека ЈНА претрпела 165 жртви.
Целиот регион бил повторно освоен од страна на ХВ во операцијата „Тигар“ и Битката кај Конавле до крајот на 1992 година, а офанзивата резултирала со раселување на 15.000 луѓе, главно од Конавле, кои избегале во Дубровник. Приближно 16.000 бегалци биле евакуирани од Дубровник по море, а градот бил снабден со воени бродови што избегнувале блокада и конвој од цивилни бродови.
Граѓаните на Дубровник херојски издржале три месеци без електрична енергија и вода. Повеќе од 11.000 згради биле оштетени, а бројни домови, бизниси и јавни згради биле ограбени или запалени.
Операцијата била дел од веќе изготвен план на ЈНА, чија цел главно била обезбедување на областа Дубровник, а потоа продолжување кон северозапад за да се поврзе со трупите на ЈНА во северна Далмација преку западна Херцеговина, а офанзивата била придружена со значителна количина воена пропаганда.
Во 2000 година, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ јавно се извинил за опсадата, предизвикувајќи лут одговор од неговите политички противници и од Република Србија, а Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) осудил двајца југословенски офицери за нивно учество во опсадата, а трет ѝ го предале на Србија за гонење.
Во обвинението на МКТЈ се наведува дека офанзивата била дизајнирана да го одвои регионот Дубровник од Хрватска и да го интегрира во држава доминирана од Срби преку неуспешно прогласување на Дубровничка Република на 24 ноември 1991 година. Покрај тоа, Црна Гора осудила четворица поранешни војници на ЈНА за злоупотреба на затвореници во логорот Морињ. Хрватска, исто така, обвинила неколку поранешни офицери на ЈНА или Југословенската морнарица и поранешен водач на босанските Срби за воени злосторства, но сè уште нема судења од овие обвиненија.
Позадина
Во август 1990 година, во Хрватска се случило востание, чиј центар бил во областите претежно населени со Срби, односно во далматинската заднина околу градот Книн и делови од регионите Лика, Кордун и Бановина како и населби во источна Хрватска со значително српско население.
Овие области последователно биле наречени Република Српска Краина (РСК) и откако ја искажале својата намера да се интегрираат со Србија, Владата на Хрватска ја прогласила РСК за бунтовничка.
До март 1991 година, конфликтот ескалирал и избувнала Хрватската војна за независност, а веќе во јуни 1991 година, Хрватска ја прогласла својата независност со распаѓањето на Југославија, по што следел тримесечен мораториум со конечна одлука на 8 октомври која стапила на сила истиот ден.
Потоа, РСК започна кампања за етничко чистење (геноцит) против хрватските цивили, протерувајќи ги повеќето несрпски граѓани до почетокот на 1993 година. До ноември 1993 година, помалку од 400 етнички Хрвати останале во заштитената зона на Обединетите нации (ОН) позната како Сектор Југ, а уште 1500 – 2000 останале во Сектор Север.
Бидејќи Југословенската народна армија (ЈНА) сè повеќе ја поддржувала РСК, а хрватската полиција не била во можност да се справи со ситуацијата, во мај 1991 година била формирана Хрватската национална гарда (ЗНГ), а веќе во ноември, ЗНГ била преименувана во Хрватска армија (ХВ).
Развојот на војската на Хрватска била попречен од ембаргото за оружје на ОН воведено во септември, додека воениот конфликт во Хрватска продолжил да ескалира со Битката кај Вуковар, која започнала на 26 август.
Дубровник е голем град кој се наоѓа во најјужниот дел од Хрватска, на брегот на Јадранското Море. Центарот на градот со ѕидини, познат како Стар Град, е место на историски споменици и згради од наследство кои во голема мера датирале од времето на Дубровничка Република, а градот е ставен на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Во 1991 година, областа на Дубровник имала население од приближно 40.000 жители, од кои 82,4% биле Хрвати и 6,8% биле Срби. Хрватската територија што го опкружува градот се протега од полуостровот Пељешац на запад и полуостровот Превлака на исток, на влезот во Которскиот Залив на границата со Црна Гора. Оваа територија е многу тесна, особено во близина на самиот Дубровник, и се состои од крајбрежен појас широк од 0.5км до 15км.
Вовед десно|мини|250x250пкс|Панорамски поглед на Дубровник Во средината на 1991 година, врвните команданти на ЈНА вклучувајќи го и југословенскиот сојузен министер за одбрана, генерал Вељко Кадијевиќ, началникот на Генералштабот на ЈНА, генерал Благоје Аџиќ, и заменик-министерот за одбрана, вицеадмиралот Стане Бровет планирале воена офанзива што подразбирала напад врз подрачјето на Дубровник, проследено со напредување на ЈНА кон запад во западна Херцеговина за да се поврзе со 9-тиот кнински корпус на ЈНА во северна Далмација, откако подрачјето ќе биде обезбедено, а генералот Јеврем Чокиќ му го доставил планот за офанзивата на Дубровник на Аџиќ за негово одобрување.
Во септември 1991 година, ЈНА и водачите на Црна Гора се согласиле дека Дубровник треба да биде нападнат и неутрализиран за да се обезбедел територијалниот интегритет на Црна Гора, да се спречат етнички судири и да се зачува Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а самиот црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјавил дека хрватските граници требало да се ревидираат, припишувајќи ја постојната гранична линија на „слабо образованите болшевички картографи“.
Пропагандата, надополнета со тврдењата на генерал-полковник на ЈНА Павле Стругар дека 30.000 хрватски војници и 7.000 терористи и курдски платеници се спремаат да ја нападнат Црна Гора и да го освојат Которскиот Залив, ги навел многумина во Црна Гора да веруваат дека Хрватска всушност започнала инвазија, а весникот „Побједа“ бил најзначајниот медиумски извор што придонел за ширењето на пропагандата.
Во јули 1991 година, високиот српски функционер Михаљ Кертес на политички митинг во Никшиќ изјавил дека западно од Црна Гора ќе се воспостави српска држава што ќе се протега до реката Неретва, со главен град Дубровник преименуван во Никшиќ на море.
На 16 септември 1991 година, ЈНА се мобилизирала во Црна Гора, повикувајќи се на влошувањето на ситуацијата во Хрватска, но и покрај радио-емитуваниот апел од Вториот Титоградски корпус на ЈНА на 17 септември, значителен број резервисти одбиле да одговорат на повикот и така на 18 септември, Ѓукановиќ се заканил со сурово казнување на дезертерите и оние што одбивале да одговорат на мобилизацијата, а се тоа додека повикувал на „повлекување на линиите на разграничување во однос на Хрватите еднаш засекогаш“.
Мобилизација на армијата и пропагандата на црногорската влада биле во спротивност со уверенијата од југословенските федерални власти во Белград дека нема да има напад врз Дубровник.
Стратешкиот план на ЈНА за пораз на Хрватска вклучувал офанзива за отсекување на најјужните делови на Хрватска, вклучувајќи го и Дубровник, од остатокот од земјата.
На 23 септември, одекнала артилеријата на ЈНА која го нападнала селото Витаљина во источниот дел на Конавле, како и Бргат источно од Дубровник, а веќе два дена подоцна, Југословенската морнарица ги блокирала поморските патишта до градот.
На 26 септември, ЈНА ја преименувала својата Оперативна група Источна Херцеговина во Втора Оперативна група и ја потчинила директно на Сојузното министерство за одбрана и Генералштабот на ЈНА.
Иако Цокиќ бил назначен за прв командант на Втората Оперативна група, сепак бил заменет од генералот Миле Ружиновски на 5 октомври по падот на хеликоптерот на Цокиќ на 30 септември. Стругар го замени Ружиновски на 12 октомври.
На 1 октомври, денот на почетокот на операциите во Дубровник, црногорското Министерство за внатрешни работи Павле Булатовиќ издал тајна наредба до Специјалната полициска единица на Републиката да се мобилизира и да ѝ помогне на ЈНА во „спроведување борбени операции во воениот конфликт на границата меѓу Република Црна Гора и Република Хрватска“.
Ред на битка лево|мини|Позиции на ЈНА над Дубровник, 9 декември 1991 година. Видливи се три противтенковски водени ракети 9K11 „Маљутка“ во позиција за гаѓање. ЈНА им задала задача на 2 Титоградски корпус и 9 Бока Которски Воено-поморски сектор (ВПС) кои биле елементи на 2 Оперативна група за да го отсечат и освојат подрачјето на Дубровник. Така 2 Титоградски корпус требало да ја распореди 1 Никшиќова бригада, додека 9 Бока Которска ВПС да ги ангажира 5 и 472 моторизирана бригада и така границата на корпусот што се протегал од север кон југ во близина на Дубровник била поставена.
Исто така 2 Оперативна група командувала со 16 граничен патролен одред и 107 крајбрежна артилериска група, а воедно и мобилизирала единици за територијална одбрана од Херцег-Нови, Котор, Тиват, Будва, Бар, Мојковац, Бијело Поље и Требиње.
Стругар бил во целосна команда на 2 Оперативна група, додека 9 Бока Которска ВПС ја командувал вицеадмиралот Миодраг Јокиќ, а пак него го заменил адмиралот Крсто Ѓуровиќ, кој починал во неизвесни околности неколку часа пред почетокот на офанзивата.
Генерал-мајор Нојко Мариновиќ, кој бил некогашен командант на 472 моторизирана бригада и подреден на Ѓуровиќ, рекол дека ЈНА го убила адмиралот затоа што се спротивставувал на офанзивата. На 17 септември Мариновиќ поднел оставка од функцијата и се приклучи на Хрватската национална гарда (ХНГ).
Втората оперативна група на ЈНА првично распоредиlла 7.000 војници и одржувала слично ниво на војници во текот на целата офанзива.