Lappula barbata — род цветни растенија. Првпат бил опишан од Фридрих Август Маршал фон Биберштајн, а точното име му го дал Роберт Луис Август Максимилијан Гирке. Lappula barbata припаѓа на родот Lappula и семејството Boraginaceae.
Опис Lappula barbata е едногодишно или двегодишно растение, високо од 10до 70 см. Стеблото му е вертикално, обично разгрането, со густи, прилегнати влакна. Базалните листови се собрани во розета, издолжено-лопатовидни, за време на цветањето исушени, во основата постепено стеснети во дршка, долги 20до 40 мм, широки 2 до 6 мм, препокриени со густи, долги четинести полустрчести и влакна на брадавичести израстоци. Стеблените листови се линејни до копјести, долните со дршки, горните приседнати, долги 30 до 70 мм, широки 5 до 8 мм, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се собрани во врвни или странични срповидни соцветија, кои при образувањето на плодот се издолжуваат, со куси линејни прицветници. шшЦветна дршка|Цветните дршки]] се долги околу 1 мм, исправени. Чашката е yвончевидна, долга 2 до 2,5 мм, всечена до основата на 5 издолжено-копјести сегменти, со проретчени четинести влакна на брадавичести израстоци. Венчето е бело или сино, долго 3 до 5 мм. Проширениот дел на венчето има пречник 5 до 7 мм, венечните сегменти се јајцевидни, покуси од венечната трубичка. Оревчињата се јајцевидни, долги 3 до 4 мм, сплескано-триаголни, горната површина им е со мали брадавичести израстоци, рабовите се со 2–3 реда од кукести влакна кои најчесто не се ниту проширени, ниту сплескани во основата. Столпчето од плодникот јасно се издигнува помеѓу оревчињата.
Живеалиште Се среќава на суви места, ниви, дабови шуми, од низинските и претпланинските области. Поретко, може да се сретне и над 1000 м надморска височина.
Распространетост Евроазија: 2001. TDWG – World Geographical Scheme for Recording Plant Distributions, 2nd Edition Авганистан, Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Иран, Ирак, Крим, Либан-Сирија, Пакистан, Палестина, Романија, Јужноевропска Русија, Шпанија, Закавказ, Турција, Туркменистан, Украина, Западни Хималаи. Африка: Алжир, Мароко
Македонија Познат за Скопје – Водно, Матка; Скопска Црна Гора – с. Бродец ; Врбица; Присој; Жеденска Клисура; с. Волково , с. Радуша; Сува Гора – с. Чегране клисурата на р. Пчиwа – Катланово; Таорска Клисура – жел. ст. „Рајко Жинзифов“; Куманово – „Краста“; Велес – Башино Село, с. Раштани, клисурата на р. Бабуна, клисурата на р. Тополка, с. Отовица , „Гроот“, Дервен; Свети Николе – Богословец; с. Делисинци; Кочани – Прибачево; Кичево – Баба Сач, с. Цер, Илиница; с. Големо Црско, Јама, Лубен – Суво Поле; Прилеп – Мариово – с. Бешиште, Скрка; „Гола Скрка“; Кавадарци: клисурата на Раечка Река; „Дебрешка Краста“; Дабничка Планина; Неготино, с. Криволак, Црвени Брегови – „Орлово Брдо“, Солен Дол – (†) с. Енешево , (†) Xидимирци; Серта – над с. Пепелиште; Демир Капија – с. Миравци, Демир Капија; Нов Дојран, (†) с. Асанли.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Boraginoideae