Лублинскиот триаголник (; ; ) — регионален сојуз на три европски земји Литванија, Полска и Украина со цел зајакнување на меѓусебната воена, културна, економска и политичка соработка и поддршка на интеграцијата на Украина во Европската Унија и НАТО. Иницијативата за Лублинскиот триаголник се повикува на интегративното наследство на Лублинската унија од 1569 година.

Земјите од Лублинскиот триаголник ја изјавуваат својата поддршка за враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на меѓународно признатите граници и повикуваат на прекин на руската агресија врз Украина. Лублинскиот триаголник го поддржува доделувањето на статус на партнер на НАТО на Украина и го смета проширувањето за членство во НАТО за Украина како следниот неопходен чекор во таа насока.

Трипартитниот формат се потпира на традициите и историските врски на трите земји. Релевантната заедничка декларација била усвоена од неколку министри на 28 јули 2020 година во Лублин, Полска. Лублин бил избран како намерно повикување на Унијата на Лублин од 1569 година, со која се создала Полско-литванската Заедница, тогаш една од најголемите земји во Европа.

Историја Заедничка декларација од министрите за надворешни работи на Литванија, Полска и Украина, Линас Линкевичиус, Јацек Чапутович и Дмитро Кулеба, за создавање на форматот била потпишана на 28 јули 2020 година во Лублин, Полска.

На 1 август 2020 година, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, го поканил министерот за надворешни работи на Белорусија, Владимир Макеј, на вториот состанок, кој требсло да се одржи во Киев. За време на Економскиот форум во Карпач, Полска, на 10 септември 2020 година, Јан Хофмокл, директор на Источниот оддел на полското Министерство за надворешни работи, изјавил дека Лублинскиот триаголник всушност треба да биде квадрат со Белорусија. Според него, во почетната фаза Минск бил заинтересиран за овој политички проект, но подоцна се предомислил.

На 17 септември 2020 година се одржал првиот состанок (во формат на видеоконференција) на националните координатори на Лублинскиот триаголник, создаден од министрите за надворешни работи на Украина, Полска и Литванија во јули 2020 година. Васил Боднар (Украина), Марчин Пжидач (Полска) и Далиус Чекуолис (Литванија), заменик-министри за надворешни работи, биле назначени за координатори на овој механизам за соработка. Страните разговарале за подготовките за следниот состанок на министрите за надворешни работи на Лублинскиот триаголник, кој требало да се одржи во Киев на иницијатива на украинскиот министерв Дмитро Кулеба. Една од главните задачи на Лублинскиот триаголник е координирање на активностите на Украина, Полска и Литванија за ефикасно справување со предизвиците и заканите за заедничката безбедност, меѓу кои приоритет е справувањето со хибридните закани од Русија.

На 29 јануари 2021 година, за време на првиот онлајн состанок на Лублинскиот триаголник, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на брифинг изјавил дека Украина, Литванија и Полска се за приклучување на Белорусија кон Лублинскиот триаголник, но дека времето сè уште не е дојдено.На 4 март 2021 година, претседателката на Координативниот совет на Белорусија, Свјатлана Тихановскаја, изјавила дека добила покана од Дмитро Кулеба за состанок на Лублинскиот триаголник и дека чека покана за офлајн состанок со Кулеба и Врховната рада. Таа истакнала дека сака „Лублинскиот триаголник“ да стане „Лублинска четворка“.

На 5 октомври 2021 година, во формат на тркалезна маса во рамките на Варшавскиот безбедносен форум, се одржал состанок на министрите за надворешни работи на Лублинскиот триаголник, при што Дмитро Кулеба истакнал дека Лублинскиот триаголник е живописен пример за нов тренд во меѓународната политика за создавање регионални сојузи:  Дмитро Кулеба нагласил дека Лублинскиот триаголник е вграден во неодамна одобрената Стратегија за надворешна политика на Украина како еден од важните нови меѓународни формати на соработка меѓу Украина. Заедно со Асоцијативното Трио, Квадригата и Кримската платформа, овие нови формати ја одразуваат новата проактивна надворешна политика на Украина и имаат за цел да создадат регион на безбедност и просперитет за Украина и регионот на Балтичкото и Црното Море.

На 2 декември 2021 година, претседателите на Лублинскиот триаголник ги одржале првите заеднички разговори и усвоиле изјава со која ја повикале меѓународната заедница да ги засили санкциите против Руската Федерација поради нејзината постојана агресија врз Украина. Шефовите на државите, исто така, побарале Кремљ да ги повлече руските трупи од границите на Украина и привремено окупираните територии. Во изјавата, претседателите ја потврдиле својата посветеност на зацврстување на енергетската безбедност на Европа и изразија загриженост во врска со проектот „Северен тек 2“. Лидерите се согласиле да работат заедно за да се спротивстават на обидите на Русија да го монополизира европскиот пазар на гас и да ја користи енергијата како геополитичко оружје. Претседателите, исто така, изразиле меѓусебна поддршка во услови на миграциска криза на границите на ЕУ, вештачки создадена од режимот на Лукашенко.

Во пресрет на големата руска инвазија на Украина, на 23 февруари 2022 година, шефовите на државите од Лублинскиот триаголник се состанале во Киев, каде што потпишале заедничка декларација. Во неа се осудило одлуката на Руската Федерација да ги признае привремено окупираните територии на Донечката и Луганската област како независни, а исто така се поддржило и доделувањето на статус на кандидат за членство во ЕУ на Украина.

На 26 ноември 2022 година, премиерите на Лублинскиот триаголник потпишале заедничка изјава врз основа на резултатите од состанокот во рамките на „Лублинскиот триаголник“ во Киев, во која ја повикалеа меѓународната заедница да ја признае заедничката цел за ослободување на целата привремено окупирана територија на Украина. Во документот, исто така, пишува за зголемување на процесот на преговори во врска со пристапувањето на Украина во НАТО.

На 6 декември 2022 година, за време на Форумот ЕУ-Украина за борба против дезинформациите што се одржал во Брисел, три невладини организации од Литванија, Полска и Украина (Иницијативата за граѓанска отпорност, Институтот Кошќушко и Детектор Медија), претставиле заеднички детален извештај во кој ги истакнале предизвиците кои произлегуваат од руските дезинформации и пропагандни активности во земјите од Лублинскиот триаголник. Овој извештај е олицетворение на директната и тесна соработка меѓу трите партнерски држави.

На 11 јануари 2023 година, претседателите на државите од Лублинскиот триаголник одржале втор самит во Лавов и потпишале заедничка декларација. Полскиот претседател Анджеј Дуда објавил дека Украина треба да добие тенкови „Леопард“ како дел од создавањето на меѓународна коалиција.

На 28 јуни 2023 година, претседателите на Полска, Литванија и Украина одржале состанок во Киев за да разговараат за зацврстување на присуството на НАТО на Источното крило и да ја поддржат потенцијалната членство на Украина. Претседателот Дуда нагласил: „Правиме сè за самитот во Вилнус да биде богат со одлуки, така што ќе предизвика подобрување на безбедноста во нашиот дел од Европа и сигурна перспектива за членство на Украина во Северноатлантскиот сојуз“. Лидерите претходно се состанале повеќе пати за да го потврдат суверенитетот на Украина и да се справат со загриженоста за воениот судир.

Механизми на соработка мини|Состанок на премиерите на Лублинскиот триаголник во Киев, 26 ноември 2022 година Според оваа Заедничка декларација на Литванија, Полска и Украина, министрите за надворешни работи на страните треба да одржуваат редовни состаноци, особено во областите на мултилатерални активности, и со учество на избрани партнери. Тие, исто така, е потребно да организираат консултации на ниво на раководството на министерствата за надворешни работи на нивните земји и да создат ставови во овие министерства за прашања од соработката во рамките на Лублинскиот триаголник.

За време на првата видеоконференција на 17 септември 2020 година, националните координатори ги предложиле главните активности на Лублинскиот триаголник и се согласиле да обезбедат одржливо заедничко дејство на форматот на различни работни нивоа. За време на состанокот, тие се согласиле за основните принципи на Лублинскиот триаголник и ги изложиле плановите за соработка во блиска иднина. Една од главните задачи треба да биде координирање на активностите на трите држави за ефикасно справување со актуелните предизвици и закани за нашата заедничка безбедност. Меѓу приоритетните теми во соработката е заедничкото спротивставување на хибридните закани од Русија, особено во борбата против дезинформациите. Била нагласена важноста од одржување на тесна соработка во рамките на меѓународните организации.Заменик-министрите, исто така, се согласииле да започнат трипартитни тематски консултации на ниво на директори на министерствата за надворешни работи на трите земји. Координаторите посветиле важно внимание на ситуацијата во Белорусија и некои други земји во регионот. Васил Боднар ја изразил својата благодарност до партнерите за нивната постојана поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и поддршката во спротивставувањето на руската агресија. Тој, исто така, ги информирал своите колеги за главните цели на Кримската платформа и ги поканил Полска и Литванија активно да соработуваат во рамките на платформата, која има за цел деокупирање на Крим.

На 12 октомври 2020 година, премиерот на Украина, Денис Шмигал, ја истакнал важноста на новосоздадениот „Лублински триаголник“ и го поканил полскиот претседател Анджеј Дуда да го прошири неговиот формат, имено да разговара за можноста за средба на шефовите на влади во форматот „Лублински триаголник“ за време на неговата посета на Украина.

На 27 февруари 2021 година, литванскиот министер за надворешни работи, Габриелиус Ландсбергис, за украинското радио „Либерти“ изјавил дека иницијативата „Лублински триаголник“, која ги обединува Украина, Литванија и Полска, ја доближува Украина до европската интеграција:Тој истакнал дека иницијативата Кримска платформа е „исклучително корисна не само за наоѓање конкретни решенија, туку и за потсетување на проблемот со окупацијата на Крим“.

На 2 декември 2021 година, заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Микола Точицки, изјавил дека иако Украина и Полска покажуваат високо ниво на стратешко партнерство, Киев и Варшава планираат понатамошно активно да го развиваат Лублинскиот триаголник. Според Точицки, за време на политичките консултации во Варшава, страните разговарале за широк спектар на прашања, вклучително и сложената историја.

Иницијативи мини|Грб на литванско-полско-украинската бригада мини|300x300пкс|Војници на ЛИТПОЛУКРБРИГ на церемонијата на отворањето на вежбата „Анаконда-2016“ на воениот полигон Нова Деба во Полска, јуни 2016 година.

Меѓупарламентарно собрание Меѓупарламентарното собрание на Врховната рада на Украина, Сејмот и Сенатот на Република Полска и Сејмот на Република Литванија било основано во 2005 година за да се воспостави дијалог меѓу трите земји во парламентарна димензија. Инаугуративниот состанок на Собранието се одржал на 16 јуни 2008 година во Киев, Украина. Во рамките на Собранието постојат комисии за европска и евроатлантска интеграција на Украина, хуманитарна и културна соработка.

Литванско-полско-украинска бригада Литванско-полско-украинската бригада претставува мултинационална единица со капацитети на општа воена бригада, наменета за спроведување независни воени операции во согласност со меѓународното право или учество во такви акции. Таа е составена од специјалните воени единици на трите земји избрани од 21-та стрелачка бригада Подхале (Полска), 80-та воздушно-десантна јуришна бригада (Украина) и баталјонот „Големата војвотка Бируте Улан“ (Литванија).